Претседателот на Интернационалната Ромска Унија – ИРУ, потпреседател на ЕРТФ и воедно Координатор на Мрежата за системски и трајни решенија за интеграција на Ромската заедница во Северна Македонија Зоран Димов, по покана од Европскиот Парламент во Брисел се наоѓа на неколкунеделна работна посета на оваа институција.
Посетата е поповод поканата за негово учество на Конференцијата поврзана со Ромите од Западен Балкан и Европа “Romni Week 2022” која ќе се одржи кон средината на Мај годинава. Во тој контекст во овие неколку недели Димов же оствари средби со истакнати и високи функционери од ЕУ .
Ќе има можност за презентација и на Ромската стратегија која ја подготвија преставниците на Мрежата за системски и трајни решенија. Еден од клучните моменти е и заложбата на ИРУ за отврање канцеларија во Брисел за Ромски Омбдусман, која деновиве ќе биде и промовирана самата Канцеларија која преставува огромен чекор во интеграција на Ромската заедница во Европските институции.
Во периодот кои следува ќе се организираат и повеќе средби и состаноци со разни Европски агенции, меѓу кои и ќе се разговара на кој начин може да и се помогне на Ромите бегалци од Украина за еднаков третман кон нив.
Во периодот на неговиот неколкунеделен престој во Европскиот Парламент тој во својот офис кој му е доделен од страна на Европскиот парламент, ќе оствари средба и со повеќе европски пратеници, како и Ромски асоцијации и Здруженија кои ќе престојуваат во Брисел токму во тие денови.