На 12 декември преку ZOOM видео конференција ја одржа својата редовна есенска ИРУ Парламентарна сесија на која земаа учество над 50 делегати од 35 држави.
На Парламентарната сесија покрај интонирање на ромската химна и одавање почит со едноминутно молчење за починатите ИРУ делегати и членови покрај говорот на Претседателот на ИРУ Зоран Димов. Свои извештаи имаа и сите останати ИРУ функционери како и делегати и членови.
Парламентарната сесија беше поделена во неколку делови и се разговараше и дискутираше на повеќе теми.
Освен ѕтоа беа донесени и неколку одлуки за кадровски престројувања каде ќе се водат неколку важни сектори во периодот кои доаѓа како и презентација на План и програма за работа на ИРУ во 2022 година.
За одбележување е и доделување на плакетата за Почесен претседател на ИРУ на г-дин Верандра Риши од Индија за своето повреќедецениско улество и активности во структурите на ИРУ
Истовремено беа назначени и неколку нови делегати во ИРУ како и назначување на стручни консултанти и советници во работата на ИРУ кои ќе придонесат за уште подобра и поквалитетна работа на ИРУ на повеќе полиња.