Во организација на ИРУ членовите од Јужна Америка - Бразил Елиса Коста и Мишел Кристон, на 21 мај преку видео конференција организираа настан со кој се одбележуваше 24 мај денот на Бразилските Роми. Овој ден во Бразил е востановен пред 15 години. Овој пат организаторите се потрудија да бофе направено на едно повисоко ниво, и во неа беа вклучени високи преставници од државниот врв на Бразил. Меѓу другите свое овраќање преку видео врска имаше и Претседателот на ИРУ Зоран Димов, како главен промотор на ова одбележување. Во таа чест од страна на ИРУ делегатите од Бразил Елиса Коста и Мишел Кристон доделиа и признаниа од ИРУ за особен придонес на уште 12 преставници разни преставници кои години наназад се борат за бразилските Роми на повеќе полиња како што се борба против романофобијата и антигициганизмот, младите, дезинформациите, еднаквоста, правдата, дообразованието, писменоста, инклузијата, жените, човековите права, пандемијата, културата, почитувањетона основното право на работа, пристојно домување, мировни преговори, културно наследство, музика, Ромски јазик, достапност на вакцини, ромска литература и јавна политика итн.