На 19 јануари 2021 година во Перт, Австралија на 82 годишна возраст почина долгогодишниот ромски активист и воедно член на Интернационалната Ромска Унија –ИРУ Ештреф Абдураманоски.
Инаку Абдураманоски е роден 23 август 1938 година. Тој во ИРУ е над 20 години и истакнат член и делегат. Позицијата која ја имаше во ИРУ беше како Претседател на ИРУ за Австралија и Нов Зеланд . Исто така Абдураманоски беше познат и по тоа што во својата држава Австралија организираше разни настани за зачувување на ромскиот идентитет, култура и традиција. Воедно во рамките на ромската организација во Австралија функционираше и ромското радио.
Инаку погребот на Абдураманоски е планиран за 27 јануари 2021 година.
Воедно ИРУ воедно испрати телеграма со сочувство до семејството Абдураманоски од страна на нејзиниот претседатеч Зоран Димов.