Како дел од планираните активности, ИРУ ја започнува својата кампања насловена ИРУ Иницијатива „Група за пријателство со Ромите„.
Ова се дел од активностите на ИРУ за оваа година, како и понатамошно зајакнување на нејзината репрезентативна улога во рамките на меѓународните институции. Во исто време, оваа иницијатива ќе биде испратена до сите локални, регионални и национални релевантни државни фактори и организации, за продлабочување на соработката на ИРУ со нив на сите можни нивоа.
Во самата кампања, меѓу другото, се наведува: Интернационалнара Ромска Унија - ИРУ е најстарата ромска меѓународна организација. Одлуката за користење на меѓународното знаме на Ромите, химната Џелем, Џелем и одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите беше донесена на основачкиот состанок на ИРУ на 8 април 1971 година. ИРУ ги создаде сите меѓународни ромски симболи. На 8 април 2021 година ИРУ ја слави 50-годишнината од своето постоење и функција. Во денешно време ИРУ има 100 делегати во 55 земји во светот. Веќе 50 години ИРУ има за цел да ја претставува и заштитува ромската заедница пред сите релевантни меѓународни институции.
Ги штити Ромите ширум светот од сите форми на негативни појави на: ∙ дискриминација говор на омраза ∙ сегрегација ∙ нетолеранција ∙ насилство и геноцид
Ние ги почитуваме човековите фундаментални права ∙ еднаквоста меѓу сите родови ∙ создавањето поволна клима ∙ основните демократски принципи на слобода ∙ животниот стандард
ИРУ ГЛАВНИ ЦЕЛИ И ПРИОРИТЕТИ ВО ВРЕМЕ 2020-2024 година
ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ НА РОМСКИ ОМБУДСМАН
ПОДОБРА СОЦИО-ЕКОНОМСКА СОСТОЈБА НА РОМИТЕ
ДОБРА СТРАТЕГИЈА НА МЛАДИТЕ И НАДЕЖ ЗА ПОДОБРА ИДНИНА
АКТИВНОСТИ НА ИРУ ЖЕНСКА ЛОБИ ГРУПА