Рекордите постојат за да се рушат. Токму ваква формулација може да се каже и за Интернационалната ромска Унија –ИРУ. Според сите параметри и покажан интерес од страна на апликанти кои своите апликации ги испраќаат на е маил поштата на ИРУ , видлив е огромниот интерес.
Уште повпечатливо е тоа дека своите апликации ги испраќаат подеднакво и мажите и жените Ромим а исто голем интерес има и помеѓу младата популација.
Според ЕТ Комисијата на ИРУ овој интерес е голем затоа што ИРУ во претходниот период па наваму (од 2016 година кога се одржа Конгресот на ИРУ во Скопје, каде за претседател беше избран Зоран Димов), направи огромен напредок како во своите структурни реформи, така и активности.
Од 2016 година па наваму ИРУ ги обнови и рестартираше своите запоставени позиции во меѓународните институции како што се обнова на ECOSOC статусот во ОН, и орварање на свои офиси во склоп на ОН во Њујорк, Виена и Женева, како и отворената и транспарентна соработка со Европските институции – ЕП, ЕК, Советот на Европа и др.
Истовремено работат во креирање на планови, акции и стратегии кој редовно ги сипраќаат како предлози до релевантните меѓународни институции.
Оттаму произегува дека ИРУ е високо рангирана Интернационална ромска организација кај меѓународните фактори.
Затоа и се очекува покрај актуелното членство на ИРУ кој брои 70 делегати од 50 држави, во следниот период тој број да се зголеми двојно со плус десетина држави од сите континетни во светот.
Истовремено ЕТ Комисијата напоменува дека на овој начин покрај квантитетот –бројноста ИРУ ќе се стекне и со поголем квалитет во членството за уште поголем рејтинг и поширок мандат на самата организација и нејзиното членство.
Инаку апликациите за членство во иру може да се превземат на ВЕБ страницата на ИРУ - https://iromaniunion.org/, а исто така и на насловната на веб порталот на Рома Тајмс - https://www.romatimes.news/index.php/ro/