Кабинетот на ИРУ во своите активности како дел од планот и стратегијата на делување следниот викенд ќе се состане во Стокхолм, Шведска.
Состанокот ќе биде на 6 и 7 Декември (петок и сабота) 2019 година. Тој состанок на Кабинетот на ИРУ го организира Шефот на ИРУ Комисиите Розита Гронфорс и преседателот на ИРУ Зоран Димов.
Покрај нив на состанокот на Кабинетот на ИРУ ќе присуствуваат и потпреседателот на ИРУ Параламентот Стефан Кузицов, Потпреседателите на ИРУ Ајтен Берафла, Агуш Демировски, Кхурам Кхан потоа претседателот на ИРУ за Индија Риши Верандра , генералниот секретар Рамуш Муарем, и воедно членовите на ИРУ Крисот Грегор Јулсон, Теодор Муто, Стефан Вудов и др.
Воедно на состанокот на ИРУ Кабинетот ќе бидaт присутни и членовите на Одборт задолжени за Демократска транзиција – Сара Хокинг и Џејмс Враг.
Како една од темите на овој состанок е и донесување одлука за термин за одржување на следниот ИРУ Конгрес каде ќе биде одбрано и следното раководство на ИРУ. Покрај другото ќе се презентираат и извештаите на сите Комисии на ИРУ од страна на нејзините шефови.
Воедно и ќе се презентира и постигнатиот договор за отварање на ИРУ офис во Женева во рамките на Обединетите Нации што преставува огромен успех, како и во рамките на тој офис ќе работи и Ромскиот Омбдусман –Контакт Поинт.
Воедно ќе се разработат и идните планови и стратегии на ИРУ во периодот кој доаѓа поточно активностите на ИРУ за 2020 година.