Росита Гронфорс кој е ромска активистка и Шеф на Комисиите во ИРУ е креаторка на првиот шведски женски магазин за Роми и жени Патувачи. Таа над 20 години работи на правата на жените Ромки и нивно институционално згрижување.
Инаку Росита Гронфорс во нејзиниот дом во Таби го има и офисот од администрацијата за жинте обесправени кое служи како дом за нивно згрижување.
- Она што ни треба сега е Центар за советување. Само во трите најблиски области овде во Стокхолм живеат 360 жени Ромки.
- Добиваме повици од целата земја и исто така од другите нордиски земји. Ние сме можеби единствениот ваков центар во Европа.
Во трите објекти има простор за 12 возрасни лица и 7 деца. Единаесет лица работат, вклучително и седум на одборот и четворица волонтери. Секоја година од тука поминуваат околу 70 жени.