Во склоп на одржаната Конференција на ОБСЕ во Варшава на 26 септември насловена како Конферанција за спроведување на човечката димензија меѓу поканетите гости беше и Претседателот на ИРУ Зоран Димов.
Во тој склоп се одржаа и две Работни сесии како 16 и 17.
Првата 16 работна сесија беше насловена како „Учеството на Ромите и Синтите во јавниот и политичкиот живот„
Тука од страна на Зоран Димов беше презентирана улогата на ромскиот медиум како и формиање на независен ромски набљудувач на избори во државите под покровителство на ОБСЕ.
Во втората работа сесија насловена како „Домување и живеење, особено во врска со ситуацијата со присилно иселување и сегрегација на Ромите и Синтите , тука беа изложени честите кршења на човековите права и потребата од функцијата Ромски Обдусман што ја формира ИРУ како независно тело - контакт поинт, и ја презентирше неговата задача.
И двете излагања наидоа на позитивен ефект со очекувани резултатиа и акции во времето кој доаѓа.