ИРУ

Претседателот на ИРУ Зоран Димов во Загреб имаше средба со пратеникот во хрватскиот сабор Вељко Кајтази и со преставници од организацијата Кали Сара

Во рамки на своите меѓународни активности како Претседател на ИРУ , Зоран Димов на 24 и 25 јуни имаше работна посета во Република Хрватска. Во рамки на таа работна посета беше придружуван од ИРУ делегатот од Р.Хрватска и благајник Вели Хусеин. За време на дводневната посета претседателот Димов оствари состанок и се г-динот Вељко Кајтази инаку актуелен пратеник во хрватскиот Сабор.

Тој за време на својата посета беше пречекан од својот домаќин Кајтази, и оствари средба со преставници од хрватскиот Сабор и Владата на Р.Хрватска.

Тие за време на својата средба истакнаа дека оваа посета претставува важен чекор во зајакнувањето на соработката со ромската заедница и подобрување на правата и интеграцијата во општеството. Таа соработка се однесува како на национално така и на интернационално ниво.

За време на оваа средба исто така им се придружија и преставници од „Кали Сара„ од Хрвтаска.

Тие сите заедно по официјалната средба се упатија и во Марија Горица каде положија венец во знак на сеќавање и почит. Исто така и во здруженијето на Кали Сара имаше плоден работен состанок со преставниците од тоа срдужение. Од заедничките впечатоци беше дека оваа соработка ќе се пордлабочи и ќе се интезивира во повеќе сегменти.

Истовремено Преседателот на ИРУ, г-дин Димов ја искористи оваа прилика да му ја додели Плакетата на г-дин Вељко Кајтази во име на ИРУ и во име на Мрежата за системски и трајни решенија, поповод 5-ти Ноември денот на Ромскиоот јазик и азбука, која минатата година се одржа свечена академија во Филолошкиот Факултет во Скопје, за особен придонес во унапредување на ромскиот јазик и литература.

Инаку токму Вељко Кајтази е главниот иницијатор за одбележување на 5 Ноември = Меѓународен ден на ромскиот јазик, кој најпрво хрватскиот  Сабор го ратификува, а потоа во 2015 година и УНИЦЕФ го воспостави како значаен ден за Ромскиот јазик.

На крајот од оваа средеба и г-дин Вељко Кајтази како и преставниците на Кали Сара му се

Заблагодарија на господинот Димов и на г-дин Вели Хусеин за конструктивниот дијалог и посветеноста на заедничката цел.

Осврт на ИРУ за ЕУ избори: Европа се сврте надесно, што да очекува Ромската заедница од Европа?

Во недела завршија изборите за Европскиот парламент во 27-те земји членки на ЕУ.

Десно центристичката Европска народна партија (ЕПП) ќе остане најбројна политичка групација во Европскиот парламент со освоени 181 пратеничко место, пред лево центристичката Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите (СД) со 135 европратеници, покажуваат излезните анкети од европските избори што се одржаа од четвртокот до неделата во 27-те земји членки на ЕУ. Но затоа има голем пад на либералите и зелените

Трета политичка сила остануваат либералите со 82 мандати, пред десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) со 71 и екстремно десничарска групација Идентитет и демократија (ИД) со 62 места. Блокот на Зелените и Европска слободна алијанса (ЕФА) освои меѓу 53 европратеници, а Левицата 34 места.

Ваквите резултати ги зголемуваат шансите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е „шпиценкандидатка“ на ЕПП, за реизбор на функцијата.

Останатите 101 мандат во 720-члениот Европарламент им припаднаа на партиите што не се членки на ниту една европска група. Меѓу нив се и екстремно десничарската Алтернативата за Германија (АФД), италијанското популистичко Движење Пет ѕвезди (М5С), национал-конзервативната и десно популистичка Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, лево популистичката и националистичка Насока-Социјална демократија (Смер-СД) на словачкиот премиерот Роберт Фицо, социјалдемократската Глас-Социјална демократија (Хлас) на претседателот на Словачка, Петер Пелегрини и германската левичарска и популистичка Алијанса на Зара Вагенкнехт (БСВ). Меѓу нив има 51 поранешен пратеник и 51 новоизбран, вклучително и претставници на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која неодамна беше исклучена од групата „Идентитет и демократија“.Екстремната десница има најмногу гласови во Австрија, ЦДУ победи во Германија
Екстремната десница освои најмногу гласови на изборите за Европскиот парламент (ЕП) во Австрија, Франција, додека го зазеде второто место во Германија и Холандија, според проекциите засновани првенствено на излезните анкети.

Во Европскиот парламент беше објавено дека конзервативната коалиција на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) добила најмногу гласови во Германија – 29,5 отсто, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) 16,5 отсто. .

Во Австрија, екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО) го зазеде првото место со 27 отсто од гласовите, потоа конзервативната Австриска народна партија со 23,5 отсто и социјалдемократите со 23 отсто. Зелените добија 10,5 отсто, што е исто колку либералната партија НЕОС.

Во Франција партијата Марин Ле Пен победи на вчерашните европски избори, па така групата „Идентитет и демократија“ во Европскиот парламент (ЕП) ќе добие 30 нови пратеници, објави Европскиот парламент резултатите од гласањето.

Според прелиминарните резултати, таа освоила околу 32 отсто од гласовите, а партиите околу центристичката, либерална партија Преродба на Макрон нешто повеќе од 15 отсто.

Социјалистите се на трето место со нешто повеќе од 14 отсто.

Францускиот претседател поради лошиот резултат го распушти парламентот и за неколку недели ќе распише вонредни парламентарни избори.

Успехот на екстремната десница во двете најголеми земји-членки на ЕУ доаѓа пред очекуваните придобивки за тврдодесничарската партија Браќа на Италија на италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Засега нема никакви информации дали во новиот состав на ЕП ќе има и ромски Преставници. Во минатиот состав беа Ливија Јарока од Фидес Унгарија, Петар Полак –од Словачка и Ромео Франц од Германија од Group of the Greens/European Free Alliance.

Инаку што да очекуваат Ромите од ЕУ во вака десно ориентирана Европа?

Ромската популација од 6 милиони во ЕУ е присутна во речиси секоја земја-членка, а нејзината големина може да се спореди со земја-членка со средна големина како Данска. Ромите дури сочинуваат околу 10 отсто од населението во некои земји на ЕУ, вклучувајќи ги Унгарија, Бугарија и Словачка. Дополнително, има двојно - а во некои земји три пати повеќе Роми на возраст под 15 години од мнозинското население, што значи дека заедницата имаше релативно висок број на првпат гласачи.

Но досега со неколку чесни исклучоци, политичарите едноставно направија премногу грешки, отуѓувајќи голем дел од овој важен електорат.

Најновите бројки покажуваат, на пример, дека додека работниците сиромашни во ЕУ сочинуваат 8,5 отсто од населението, кај Ромите тие сочинуваат 39 отсто — речиси исто како и во субсахарска Африка (38 отсто).

Конечно - и што е најважно - проевропските политичари премногу често молчат кога екстремната десница ги напаѓа Ромите.

Успехот на десно ориентираните партии во Франција, Германија, Австрија, Италија и др. првенствено се должи на злоупотребата на предрасудите кон ксенофбичните настапи и реторики кон мигрантите, муслиманите, а тука ги вклучуваат и Ромите. Овие примери, исто така, укажуваат на тоа дека проевропските лидери ја гледаа крајната десница повеќе како абер што им се заканува само на маргинализираните заедници отколку како рано предупредување за сериозна закана за нив и за демократскиот систем - колку погрешиле!

Овие лидери покажаа сличен став во нивната надворешна политика. Затоа има безборј примери.

На пример, во 2018 година, кога озлогласената украинска екстремно десничарска група Ц14 изврши серија насилни напади врз ромските населби, што доведе до брутална смрт на 24-годишниот Даниел Пап и предизвикувајќи протести пред украинските амбасади низ Европа, про- Европските лидери избраа да не стојат рамо до рамо.

Во слична геополитичка пресметка, додека високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел го осуди убиството на Џорџ Флојд во Соединетите Држави, во исто време убиството на Станислав Томас, Ром во Чешка, не предизвика значителна реакција. Русија, од друга страна, ја искористи можноста да застане со Ромите, укажувајќи на моралната и политичката недоследност на ЕУ.

Вообичаено забележливо беше дека, десно ориентираните политичари за време на нивните кампањи воопшто или многу малку имаа средби со Ромската заедници и со тоа ја покажаа својата незаинтересираност и ксенофобичност.  Ромите отсекогаш биле лојални. Не треба да барате докази за ова во историјата: но за жал, дали е на повидок еден „црн период„ за Ромската заедница во ЕУ. Веројатноста е голема!

Затоа ИРУ ги повикува сите ромски релевантни организации, здруженија, асоцијации, и интелектуалци заедно да се здружиме и да се бранат интересите на Ромската заедница во ЕУ. ИРУ и сите добронамерници за ромската заедница  со сиот свој капацитет и кредибилитет ќе стои на расплагање и ќе учествува и соработува активно со идниот состав на ЕП, за да се премостат сите евентуални бариери и за рамноправна распределба како за на задачите и обврските така и за бенефитите кои произлегуваат од тие релации.

 10.06.2024

Со почит

Зоран Димов

Претседател на ИРУ

Осврт на Туула Акерлунд член на ИРУ и член на Националниот советодавен одбор за ромски прашања/RONK од Финска за 12-тиот Конгрес на ИРУ во Северна Македонија

Организацијата на деновите беше навистина добро менаџирана, разновидна програма траеше од утро до доцна навечер. Во текот на деновите се одржаа неколку панели. Финските учесници беа добро земени предвид во програмата. Сите се чувствувавме добро за патувањето, стекнавме нови меѓународни односи и ентузијазам да продолжиме сами да го промовираме статусот на Ромите. Разбравме и дека Финска има многу да понуди на меѓународно ниво. Туула Акерлунд учествуваше на состанокот како претставник на Министерството за социјални работи и здравство/Националниот советодавен одбор за ромски прашања.

Патувањето до 12-тиот Светски конгрес на Меѓународната унија на Ромите што се одржа во Скопје, Северна Македонија, започна на 2 јуни со утринскиот лет прво за Франкфурт. Се чекаше неколку часа и потоа продолживме со следниот лет за Скопје и пристигнавме попладне. Претседателот на ИРУ Зоран Димов не собра од аеродромот со својот автомобил и не однесе до хотелот. Вечерта имаше вечерен дочек, на кој се запознавме и споделивме поздрави од Ромите од нашата земја. Ни беше послужена и обилна вечера.

Следното утро, локални ромски делегати и претставници од различни земји почнаа да доаѓаат во хотелот. Широката меѓународна мрежа на ИРУ ни остави голем впечаток. На конгресот од странство дојдоа 29 претставници на ИРУ од различни земји и континенти. Најоддалечените беа од Чиле и Индија. Беше интересно и задоволувачко да се запознаат ромските делегати од различни земји и да слушнат за состојбите и состојбите на Ромите. Бевме 5 лица од Финска, Рихард Лангстром (Тими) и Рамона Гренстранд од Кајаани, Хенри Хедман од Лаунонен, Анет Акерлунд од Хелсинки и јас од Вантаа.

Статусот и животот на Ромите во Финска ги интересираше учесниците. Бевме интервјуирани на пр. Ромските новинари Вели Бријани и Адам Парно Шопе, кои работат во Шведска во Радио Романо. Слушнавме дека Радио Романо прави многу програми и на ромски јазик и радиото се слуша низ целиот свет. Заедно со финските учесници сонувавме дека ќе има слично ромско радио во Финска. Комуникацијата треба да се развива и на меѓународно ниво, се разбира на ромски јазик, но би имало потреба и да се направат програми делумно на англиски јазик, за да можеме да добиеме контакти и да споделуваме информации во меѓународните ромски мрежи. Денес, ние во Финска имаме многу талентирани, образовани млади Роми кои течно зборуваат многу јазици. Тие би можеле да бидат инспирирани да се приклучат на активноста.

Организацијата на деновите беше навистина добро менаџирана, разновидна програма траеше од утро до доцна навечер. Во текот на деновите се одржаа неколку панели. Финските учесници беа добро земени предвид во програмата. Секој учествуваше на панелите на своето поле на англиски јазик. Рихард Лангстром учествуваше на панелот за претприемачи, раскажувајќи за своите искуства во работниот век и за неговата лична приказна како претприемач во градежната индустрија. Хенри Хедман и Анет Акерлунд учествуваа на панелот за ромски јазик, култура, историја и религија. Во својот говор, Хенри Хедман разговараше за финското законодавство кое го штити правото на развој и одржување на ромскиот јазик и култура. Тој раскажа и како се води сметка за наставата на ромскиот јазик и култура во институциите под државна администрација. Во својот говор, Анет Акерлунд ги истакна можностите за студирање на ромски јазик, историја, култура и музика кои се предаваат на Универзитетот во Хелсинки. Во својот говор, Анет разговараше и за ромската уметност и нејзината важност во промовирањето на културата. Јас самиот учествував на панелот, на кој се дискутираше на пр. правата и статусот на жената Ромка.

Визијата и мисијата на ИРУ се амбициозни; ги обединува светските Роми, ги информира и промовира нивната позиција. Меѓународната ромска унија веќе ја проширува својата мрежа на речиси сите континенти. Хенри Хедман беше избран на состанокот на ИРУ кој се одржа на крајот на денот за советник на лидерот на ИРУ Зоран заедно со финската делегатка на ИРУ Марја Еронен. Рамона, Анет и долупотпишаната сакаа да се приклучат на активностите на меѓународната женска организација.

Ние финските претставници се чувствувавме добро за патувањето, стекнавме нови меѓународни односи и ентузијазам да продолжиме сами да го промовираме статусот на Ромите. Разбравме и дека Финска има многу да понуди на меѓународно ниво.

LINK: https://romani.fi/-/tuula-akerlundin-terveiset-irun-12.kongressista-pohjois-makedoniasta?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR3wBvH6ivZAY_6P9D6nkeC9TrJ2PZRhQv6jdTwOjqBcYDHjvZ5NtHZj6tc_aem_AbYH0ZzJROwvYJMy-7kbomJD76NzOWfZXI7U8t5ZLjwvM9GS-n4Cr7teSh_pS3mDaa_E4O86-qTv9xGx4oSjhMb9

Попрад, Словачка: Претседателот на ИРУ Зоран Димов, ја престави програмата на ИРУ за време на работниот состанок на ромскот малцинство во Словачка

Граѓански институт - Взаемен соживот под раководство на Амалија Помпова кој воедно е и Претседател на Парламентот на ИРУ на 31 мај 2024 година во Попрад, во хотелот Сател, се одржа неформална работна средба на која учествуваше Претседателот на ИРУ, Зоран Димов.

Целта на неформалниот работен состанок беше да се именуваат реалните проблеми и културните потреби на ромското малцинство во Словачка и размена на професионални искуства на кои присуствуваа 20 учесници од различни региони на Словачка, како и од Прага, кои работат во различни области - локална самоуправа, образование, социјална економија, социјална област, јавна администрација, неформалната работна средба го збогати претседателот на ИРУ Зоран Димов, кој во својот говор ја претстави меѓународната програма на ИРУ, нејзината структура и цели за иднината.

Воедно, тој на овој настан  ги додели и  официјалните ИРУ Декрети на Амалија Помпова како Претседател на ИРУ Парламентот и не Јулија Весела, како Ген.секретар на ИРУ Парламентот, кои беа избрани минатиот месец за 12. Конгрес на ИРУ во Скопје. Овој настан е голема чест за Словачка.

Инаку покрај нив на овој состанок земаа учество и : Иван Мирга, Ратко Токар, Радослав Гунар, Виктор Валк, Катарина Хорват, Бенјамин Илеш, Штефан Мирга, Иван Весели, Петр Шчука, Јана Шчукова, Јован Бихари, Владимир Путк, и др.

Конкретно лично учество во решавање на специфични проблеми на генерациската сиромаштија, човековите права, меѓусебниот соживот со мнозинството и целокупниот развој на граѓаните на ромското национално малцинство во Словачка и Чешка. Работната група - Crisis Solutions Network во Словачка е создадена за да креира моделни реформски активности директно во ромските населби, бидејќи од ромските населби, некои политички партии создадоа инкубатори за гласачки гласови со наивни ветувања. Се подготвува соработката со Владата на Словачка, со индивидуална Канцеларијата на Чешката Влада за ромски заедници и со Канцеларијата на Владата на Словачка за национални малцинства.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 76 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот