ИРУ

Нов мандат за Зоран Димов како Претседател на ИРУ (2024 - 2028)

На 12-от Конгрес на ИРУ кој се одржа  на 4 и 5 Април во Скопје,  Република С.Македонија, за претседател на ИРУ повторно со четригодишен мандат од страна на ИРУ делегати и членови беше изгласан досегашниот Претседател Зоран Димов.

За ИРУ потпреседатели се избрани: ,Стефано Кузицов (Шведска) ,Атила Стојка (Унгарија) , Пунита Синг (Индија, Азија), Елиса Коста (Бразил Ј.Америка) и  воедно наскоро ќе се назначат Потпреседатели за Австралија и Руска федерација Артур Квик)

Претседател на ИРУ парламент: Адмир Исмановски (Данска),Ген Секретар: Рамуш Муарем, Благајник: Вели Хусеин (Хрватска),Марја Еронен: Советник на ИРУ кабинетот

Георге Радукану (Романија)- Специјален советник на ИРУ за политичка стратегија

Висок комесар: Карина Даминовска (Данска) , Даниела Заманова (Словачка) - Зам.висок комесаријат , Комесари: Суми Јусуке - јазик и култура , Лучика Тудор (Романија)за религија , Петар Шчука (Чешка) - економија Рихард Лангстром - Финска, зам комесар за економија Себихан Демировски (Македонија) Социјални прашања Андрис Тертатес - Латвија зам.комесар за социјални прашања , Кемал Вурал Тарлан (Турција) Комесар за човекови права Зухал Гезичир (Турција) зам.комесар човекови права. ИРУ жени и донесување програма:Милка Помпова - Словачка ,Марија Елена Андрих - Чиле ,Тула Акерлунд - Финска , Мелечи Рења - Албанија , Марја Ероне - Финска ,Даниела Земанова - Словачка

Почесни ИРУ претседатели: ,Торе Јарл Биеленберг- Норвешка и Риши Верандра- Индија

Ќе се формира и ИРУ Борд (кој ќе бидат членови ќе се назначат на следниот ИРУ парламент) Ќе се назначи и ИРУ обдусман.

Декларација на 12-ти Конгрес на ИРУ

Меѓународната ромска унија - 12 -тиот Конгрес на ИРУ бара во сите земји Ромите да бидат вклучени како актери и планери - покрај нашата работа со меѓународно влијание - на сите нивоа на национално, регионално и локално ниво. Веќе не се задоволуваме да бидеме цел на мерките и веќе не може да се сметаме само за проблематични случаи. Ние веќе не се задоволуваме со трошките на благосостојбата.

Ние, Ромите во светот, сме активни, еднакви, комунални, претприемнички и позитивни граѓани. Сакаме да бидеме вклучени во развојот на општеството и да влијаеме на нашите сопствени работи. Сакаме да соработуваме со сите партнери и актери кои искрено ги подобруваат условите на Ромите: Подаваме отворени раце за соработка.

Во секоја земја, мора да се подготви Национална политика за Ромите и конкретна мерлива акциона програма за Ромите, во соработка со ромските организации и Ромите, додадена со сеопфатен годишен систем за следење и известување: самите Роми и сопствените ромски организации даваат повратни информации за националните и регионално и локално ниво, за влијанието врз нивните сопствени животи.

При подготовката на индикаторите за мониторинг, мора да се направи соработка со Евростат и ФРА, имајќи ја предвид и стратешката програма на ЕУ за еднаквост, вклучување и учество на Ромите во различни области од животот. Меѓусекторските цели на Националната политика за Ромите се еднаквост, вклучување и учество, како и елиминација на дискриминацијата преку справување со антициганизмот .

Националните политички програми на Ромите и конкретните акциони програми мора да го промовираат образованието, вработувањето, домувањето и здравјето на Ромите и да ги зајакнат социјалните, јазичните и културните права на Ромите, според единствени индикатори што можат да се мерат. Една од можностите за подобрување на вработувањето на Ромите е да се постават квоти за националните малцинства за регрутирање на јавни позиции и да се дадат даночни олеснувања на работодавачите кои ангажираат Роми за постојано вработување.

Ние веруваме во свет каде Ромите се почитувани и вклучени во сите аспекти на општеството. Ние сме фокусирани и активно работиме на создавање одржливи промени и подобрување во општествата за интеграција, мир, благосостојба и еднаквост на Ромите во светот. Нашата мисија е да постигнеме економски, социјални и културни права (ESCR) за Ромите, вклучувајќи ги правата на соодветна храна, соодветно домување, образование, работа, социјална сигурност, здравје, учество во културниот живот, а исто така да се добие чиста вода и канализација.

Исто така ИРУ е загрижен и воедно реагира на секое кршење на човекови права со акцент на Ромите и Ромската заедница и упатува реакција до сите држави со акцент на Норвешка и нејзината влада како и некои  други скандинавски држави поради нелегална и незакнска регистрација во специјални полициски или судски регистри наменети само за Ромите и ромската заедница без разлика на возраста и полот. Тоа е фундаментално кршење на основните човекови права и неговиот интегритет, и се коси со сите закони во нивните земји кои се против дискриминација

Ние сме горди на сопствената и вредна ромска култура. Наша должност е да го зачуваме Romanipen , нашата внатрешна и надворешна ромска култура. Внатрешниот романипен се состои од ромски вредности (почит кон постарите, солидарност и чистота на Ромите), ставови и внатрешно чувство да се биде Ром. Надворешниот романипен не го вклучува само ромскиот јазик, туку и почитувањето на ромските обичаи во три различни контексти: семејството, потесното семејство и пошироката социјална средина. Семејните вредности ни се многу важни. Младите Роми се нашата иднина и носители на нашата мисија за подобар живот на Ромите.

05.04.2024 година во Скопје

12 -ти Конгрес на Меѓународната ромска унија – ИРУ

Радукану Георге е избран за специјален консултант за политички системи на ИРУ

Во рамки на конгресните активности на ИРУ  која се одржуваа во Скопје, Р.Северна Македонија и  во избор на новото претседателство и ракооводство  на ИРУ, во присуство на над 60 делегати на ИРУ од 50 држави во светот едногласно беше избран и дадена доверба  на г-дин Радукану Георге од Романија, како консултант за политички системи во Интернационалната Ромска Унија – ИРУ.

Тој оваа функција ќе ја раководи во следните години, а неговиот избор беше од шрочина, што Радукану го препознаа како одличен ромски лидер кои долги години се бори како за правата на Ромите од Романија така и за правата на Ромите на меѓународно ниво.

Тој е одличен познавач на политичките дејствувања, затоа што всушност  тој е оснивач на една од најаките инајпочитуваните ромски политички партии во Романија Asociatia Patrida Romilor “Pro Europa”.

Г-дин Радукану Георге е всушност и оснивател на оваа партија кја е основана пред 34 години на 3 Април  1990 година.

Тоа значи дека Радукану како активен и врвен политичар е присутен повеќе од 3 децении и неговот искуство и делување е огромно, затоа неговот искуство, нреговата умешност и доктрина на политичко делување заедно со ИРУ може да се придонесе за поголем дигнитет на Ромската нација на ниво од меѓународен политички карактер.

Г-дин Радукану тоа досега многу пати го покажал и докажал како врвен политичар.

Започна 12-от ИРУ Конгрес во Скопје, Северна Македонија

Како што беше најавено денес започна со работа 12 Конрес на ИРУ кој се одржува во Скоопје, Северна Македонија, Главните панел дискусии и изборот на  ИРУ Претседателството се  случува денес (4 април) и утре 5 април. Но активностите започнаа уште вчера, каде ИРУ делегатите беа примени во Парламентото на Р.Северна Македонија од страна на пратеникот Љатифа Шиковска и имаа одлична дебата во парламентот,

Денеска на стартот од ИРУ Конгресот свои воведни поздравни говори имаа европратеникот Ливија Јарока преку видео јавување, а честитки во писмена форма испрати и Ген.секретар на ОН Антонио Гутереш.

Исто така свои поздравни говори имаа Данела Арсовска градоначалникот на град Скопје, како и делегатот од Норвешка Торе Јарл Биеленберг кој е воедно и еден од учесниците на Првиот ромски конгрес во 1971 во Лондон, Тој а исто и Верандра Риши од Индија беа прогласени за почесни ИРУ претседатели.

Во рамки на Конгресот на ИРУ се одржаа и панел дискусии на темите:  Тема: „Младите Роми и глобалните политики во ЕУ“ Модератор: Надир Реџепи, „Ромски инвестициски фонд“ - Ромски бизнис форум Модератор: г-дин Наташа Амдиу, Иднината на ромската заедница во Европа и светот.  За правата на маргинализираните заедници во кризнитерегиони. Модератор: Стефано Кужицов, потпретседател на ИРУ, Борба против структурната дискриминација, антициганизмот и почитувањето на човековите права и  правата на жените Ромки Модератор: г-дин Адмир Исмановски  а за 5 Април ќе биде одржана Панел дискусија за култура, јазик, традиција и религија кај Ромите Модератор: Суми Јусуке, делегат на ИРУ, Јапониа и Трибина „Улогата на ромските медиуми и продукции во креирањето филмски проекти со ромска тематика“. Исто на 5 април е изборот на новото ИРУ раководство со мандат од четири години.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 60 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот