Попрад, Словачка: Претседателот на ИРУ Зоран Димов, ја престави програмата на ИРУ за време на работниот состанок на ромскот малцинство во Словачка

Граѓански институт - Взаемен соживот под раководство на Амалија Помпова кој воедно е и Претседател на Парламентот на ИРУ на 31 мај 2024 година во Попрад, во хотелот Сател, се одржа неформална работна средба на која учествуваше Претседателот на ИРУ, Зоран Димов.

Целта на неформалниот работен состанок беше да се именуваат реалните проблеми и културните потреби на ромското малцинство во Словачка и размена на професионални искуства на кои присуствуваа 20 учесници од различни региони на Словачка, како и од Прага, кои работат во различни области - локална самоуправа, образование, социјална економија, социјална област, јавна администрација, неформалната работна средба го збогати претседателот на ИРУ Зоран Димов, кој во својот говор ја претстави меѓународната програма на ИРУ, нејзината структура и цели за иднината.

Воедно, тој на овој настан  ги додели и  официјалните ИРУ Декрети на Амалија Помпова како Претседател на ИРУ Парламентот и не Јулија Весела, како Ген.секретар на ИРУ Парламентот, кои беа избрани минатиот месец за 12. Конгрес на ИРУ во Скопје. Овој настан е голема чест за Словачка.

Инаку покрај нив на овој состанок земаа учество и : Иван Мирга, Ратко Токар, Радослав Гунар, Виктор Валк, Катарина Хорват, Бенјамин Илеш, Штефан Мирга, Иван Весели, Петр Шчука, Јана Шчукова, Јован Бихари, Владимир Путк, и др.

Конкретно лично учество во решавање на специфични проблеми на генерациската сиромаштија, човековите права, меѓусебниот соживот со мнозинството и целокупниот развој на граѓаните на ромското национално малцинство во Словачка и Чешка. Работната група - Crisis Solutions Network во Словачка е создадена за да креира моделни реформски активности директно во ромските населби, бидејќи од ромските населби, некои политички партии создадоа инкубатори за гласачки гласови со наивни ветувања. Се подготвува соработката со Владата на Словачка, со индивидуална Канцеларијата на Чешката Влада за ромски заедници и со Канцеларијата на Владата на Словачка за национални малцинства.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 146 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот