Во рамки на своите меѓународни активности како Претседател на ИРУ , Зоран Димов на 24 и 25 јуни имаше работна посета во Република Хрватска. Во рамки на таа работна посета беше придружуван од ИРУ делегатот од Р.Хрватска и благајник Вели Хусеин. За време на дводневната посета претседателот Димов оствари состанок и се г-динот Вељко Кајтази инаку актуелен пратеник во хрватскиот Сабор.
Тој за време на својата посета беше пречекан од својот домаќин Кајтази, и оствари средба со преставници од хрватскиот Сабор и Владата на Р.Хрватска.
Тие за време на својата средба истакнаа дека оваа посета претставува важен чекор во зајакнувањето на соработката со ромската заедница и подобрување на правата и интеграцијата во општеството. Таа соработка се однесува како на национално така и на интернационално ниво.
За време на оваа средба исто така им се придружија и преставници од „Кали Сара„ од Хрвтаска.
Тие сите заедно по официјалната средба се упатија и во Марија Горица каде положија венец во знак на сеќавање и почит. Исто така и во здруженијето на Кали Сара имаше плоден работен состанок со преставниците од тоа срдужение. Од заедничките впечатоци беше дека оваа соработка ќе се пордлабочи и ќе се интезивира во повеќе сегменти.
Истовремено Преседателот на ИРУ, г-дин Димов ја искористи оваа прилика да му ја додели Плакетата на г-дин Вељко Кајтази во име на ИРУ и во име на Мрежата за системски и трајни решенија, поповод 5-ти Ноември денот на Ромскиоот јазик и азбука, која минатата година се одржа свечена академија во Филолошкиот Факултет во Скопје, за особен придонес во унапредување на ромскиот јазик и литература.
Инаку токму Вељко Кајтази е главниот иницијатор за одбележување на 5 Ноември = Меѓународен ден на ромскиот јазик, кој најпрво хрватскиот Сабор го ратификува, а потоа во 2015 година и УНИЦЕФ го воспостави како значаен ден за Ромскиот јазик.
На крајот од оваа средеба и г-дин Вељко Кајтази како и преставниците на Кали Сара му се
Заблагодарија на господинот Димов и на г-дин Вели Хусеин за конструктивниот дијалог и посветеноста на заедничката цел.