Интернационалната Ромска Унија – ИРУ и нејзиниот претседател Зоран Димов со гордост ја информира јавноста дека во своите заложби и во рамки на активностите од областа на јазикот и културата ИРУ ги превзеде следните чекори.
Во рамки на претходниот потпишан Меморандум за соработка, ИРУ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески„ при Универзитетот „Св Кирил и Матодиј„, Скопје, Р.Северна Македонија, ги информира сите заинтересирани млади Роми и не-Роми (средношколци и студенти) од Македонија и странство, од месец октомври 2024 година, започнуваат да спроведуваат онлајн настава по ромски јазик и култура.
Онлајн наставата предвидува изучување на основите на ромскиот јазик и култура на ниво А за период од октомври до декември 2024 година со вкупен фонд од 60 часа – два пати неделно по 2 часа.
Како предавачи односно професори во рамките на онлајн наставата ќе бидат: м-р Даниел Петровски од Северна Македонија од Институт за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје и д-р Суми Јусуке од The Babeș-Bolyai University од Република Романија.
Пријавувањето на сите заинтересираните студенти и млади Роми и не Роми е најдоцна до 25 Септември 2024 година,на : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Збогатетего вашето универзитетско ниво од областа на Ромскиот јазик и култура и стекнете се со официјален Сертификат потпишан од страна на Филолошкиот факултет „Блаже Конески„ од Скопје при Универзитетот „Кирил и Методиј„ – Р.Северна Македонија