Во недела на 7 септември 2024 година во Гетебпрг , Шведска на 66 годишна возраст по кратко боледување почина Ајтен Берлафа.
Ајтен Берлафа беше истакнат интелектуалец, ромолог, преведувач и активист во борба за женските права. Таа во периодот од 2016 до 2020 беше и Потпреседател на ИРУ. Таа му даде голем значај и на своето образование . Затоа таа беше Специјалист магистер за дислексија, ментор за интеграција на Универзитетот во Гетеборг, детска медицинска сестра на Универзитетот Борас, Kungahällagymnasium MY.
Таа ќе остане запаметена исто така како ведар и насмеан лик.
По тој повод ИРУ на 13 септември преку Он лајн ЗООМ видео ќе организира и комеморативна седница поповод смртта на Ајтен Берлафа.