Денес во рамките на своите активности претседателот на ИРУ, Зоран Димов
оствари средба со заменик минситерот за локална самоуправа во Владата на Македонија Ерџан Селими.
За време на средбата Димов го инфоирмираше заменик министерот Селими за активности поврзани на повеќе теми од областа на образованието, култура и локалните политики во нашата држава.
На средбата меѓудругото Селими го поздравив и ангажманот на г-дин Зоран Димов за напорите и иницијативата на ИРУ за изучувањето на ромскиот јазик и култура во рамки Филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје, преку он лајн курсот, каде самите посетители ќе се стекнат со сертификат со почетно ниво А, потпишан и заверен од Филолошкиот факултет „Блаже Конески„ при УКИМ, Скопје.
Воедно Димов го информираше Селими дека верќе на 1 октомври ќе учествува на состанокот за Ромската платформа во рамки на ЕУ која ќе се одржи во Брисел. Тој ќе има и средби и состаноци со високи преставници од ЕУ и Европската Комисија .