Во Брисел,денеска 1 октомври започна17-та Европска платформа за вклучување на Ромите, организирана од DG JUST на Европската комисија во соработка со Унгарското претседателство
На покана од Европската Комисија на овој настан присуствува ии Претседателот на ИРУ Зоран Димов.
Овој настан на високо ниво ги собра политичките носители на одлуки од ЕУ, на национално, регионално и локално ниво, органите за управување со фондови и претставници на ромското и проромското граѓанско општество.
Главна тема на состанокот е „Ромската еднаквост, вклученост и учество во планирањето и развојот на територијата“. Оваа клучна тема во поширокото поле на политиките за Ромите има за цел да ја подигне свеста за постојаните прашања и предизвици, да разговара за начините за справување со овие предизвици и да придонесе за поефикасно користење на фондовите на ЕУ за промовирање на еднаквоста, вклученоста и учеството на Ромите.
Истовремено на овој настан своје присуство имаше и министерот без ресор во македонската влада Шабан Салиу.
За време на настанот претседателот на ИРУ Димов имаше средби и разговори со високи европски преставници како што се Г-ѓа Ирена Моозова, заменик-генерален директор – меѓународна димензија на правосудните политики, владеење на правото и еднаквост, Генерален директорат за правда и потрошувачи, Европска комисија, Г-ѓа Мелиса Камара, пратеник во Европскиот парламент, Г-дин Атила Стојка, државен секретар за социјални можности и односи со Ромите, Унгарија, Г-ѓа Луси Фукова, владин комесар за прашања на ромското малцинство, Чешка, Г-ѓа Věra Jourova, потпретседател на Европската комисија за вредности и транспарентност и други.