ИРУ Конгресот во Скопје со приоритет – Жената Ромка да биде лидер!
Како една од специфичните цели кој ќе бидат теми на следниот ИРУ Конгрес во Скопје во од 26 до 29 март 2020 ќе биде и зајакнување на Женското лоби на жената Ромка и воедно промоции на Ромската жена како лидери.
ИРУ во својата заложба токму на 10-от ИРУ Конгрес во 2016 година започна со активности за промоција на издигање и давање на приоритети во врска со Женското лоби како на национално така и на интернационално ниво.
Токму на овој Конгрес за Шеф на ИРУ Комисиите беше назначена Росита Гронфорс кој беше еден индикатор дека сите понатамошни заложби ќе бидат во таа насока.
Овој 11 Конгрес на ИРУ ќе биде токму тој момент каде ќе се промовира уште поактивно вклучување на жената Ромка во донесување на многу важни одлуки од политички, економски, правен, културен е секој друг аспект.
Затоа овој Конгрес на ИРУ ќе биде многу важен токму од тие гледишата затоа што ќе биде настан каде ќе се промовираат идните насоки за лидерството на жената Ромка .
Воедно тука ќе бидат опфатени и жената Ромска во рамките на економското делување и вклучување во Бизнис секторот како и поголема промоција на жената Ромка прептприемач.
Исто така за одбележување е и активноста на Традиционалниот Ромски Крис кој ќе биде шанса да се промовира и за прв пат еден нов момент – Промоција на првата жена Ромка во Ромскиот Традиционален Крис.