Почитувани членови и ИРУ делегати, браќа и сестри Роми!
Денеска кога го одбележуваме денот кој пред 49 години се удрени темелите на Ромскиот идентитет, 8 ми Април, би сакал во кратки црти да Ве потсетам со што се се соочуваме во предизвиците кој не очекуваат.
ИРУ сите знаеме дека е тој кој ја отвори вратата да им покаже на сите дека ние Ромите не сме ништо поразлични од другите народи во светот. Дека сме нација која заслужува исто што и другите нации во светот.
Времето поминува и воедно ние како ИРУ се трудиме и самите сме свесни дека кога една врата ќе се затвори, секогаш се отвара друга. Многу често додека гледаме во затворената врата, не ја забележуваме онаа што се отворила.
Самите знаеме дека времето е предатор кој постојано нè прогонува. Јас повеќе би сакал да верувам дека времето нè следи во текот на нашето патување, само за да нè потсетува на фактот дека треба да го вреднуваме секој момент.
И ние како ИРУ би требало да го вреднуваме секоја задача која сме си ја поставиле и која успешно сме ја решиле.
Знаеме дека никогаш не било лесно да се заврши некоја дадена задача, затоа што на тој пат секогаш (па и денес) имаме многу бариери и опоненти, кој не ни мислат секогаш најдобро , било тоа да е некој внатрешен или надворешен фактор.
Мојата порака до сите вас е дека ние треба да бидеме сега единствени, сплотени со заеднички сили да бидеме уште посилни за да можеме да ги разувериме сите скептици дека сме на вистинскиот пат.
Дополнително на сето ова е и актуелната состојба со пандемијата на КОВИД 19, кој е главна пречка да не можеме во моментот да реагираме како што треба, но сепак ние како ИРУ заеднички ќе го трасираме патот и ќе ги реализираме нашите зацртани цели.
Воедно потребно е покрај тоа што ние Ромите а воедно и ИРУ како организација често и трпи „ниски„ удари од државите и институциите кој не и мислат секогаш добро на ромскиот народ, мораме да бидеме и единствени и сплотени и кон поединци и групи кој се преставуваат како Роми, но секогаш се подготвени да го „закопаат„ ИРУ или да создадат некое свое ИРУ во главата
Ние сите заедно во ИРУ им пренесуваме единствена порака дека на тие „загрижени Роми и неРоми„ ние во ИРУ ќе дејствуваме најодлучно против сите тие бариери.
Ние во ИРУ денес токму на 8-ми Април немаме намера да плукаме или да се жалиме, туку напротив имаме порака до сите нас и до сите останати – да се обединиме, и да се почитуваме. Сите ние да покажеме дека ИРУ навистина вреди!
Затоа UPRE ROMA , и за многу години 8-ми Април Интернационалниот ден на Ромите на сите браќа и сестри Роми низ целиот свет.
Со почит
Зоран Димов
Претседател на ИРУ