Бугарскиот боксер, кој почина во меч во Шкодра, Албанија, се викал Борис Станчов, а не Исус Величков, како што беше соопштено од Бугарскиот боксерски професионален сојуз. Станчев се качил и влегол во рингот под име на Величков, јавуваат бугарските медиуми.
Самиот Величков, пак, со статус на социјалните мрежи изрази жалење за смртта на својот колега.
Почивај во мир, шампионе! Секогаш ќе те носам во срцето, напиша Величков.
Засега се уште не е јасно како дошло до смена на имињата и на документите. Целата ситуација треба да ја расчисти раководството на Бугарскиот боксерски професионален сојуз.
Бугарскиот боксер Борис Станчов имал 21 година и почина во болница во Албанија. Според локалните албански медиуми, тој не починал од нанесени удари во текот на мечот, туку од срцев удар. Се очекува обдукцијата да го даде конечниот збор.