Во петокот како предсезонски натпревар помеѓу две чешки хокеј екипи,Простајов и Ватковице, не го доживеа својот крај бидејќи навивачите на Простајов расно го навредуваа стрелецот на голот Доминик Лакатош, откако тој постигна гол за Ватковице, и во знак на револт го напушти теренот.
Хокеј клубот „Простајов„ тврди дека Лакатош „ја испоровицирал публиката„ по постигнатиот гол.
"Се играше 59:03 минута, од мечот, кога Доминик Лакатош го испрати пакот во мрежата на домашниот тим и потоа беше навредуван со расиситички зборови од домашните навивачи. Гостинскиот тим го напушти мечот како знак на протест “, објави клубот Ватковице на нивната веб-страница.
„Пријателскиот натпревар помеѓу Простајов и Ватковице не беше одигран до крај“, потврдија од Ватковице. Откако Лакатош го постигна голот, настана инцидент меѓу публиката и скандирање со расиситички мотиви „Цигани, цигани“,а Лакатош е од Ромско потекло.