Емир Ибраим ја извојува првата победа за Македонија на Светското сениорско првенство во Сараево, Босна и Херцеговина, откако го совлада Руци Лучјано од Грција со 3-0.
Емир водел во сите три рунди, според известувањата од нашиот табор.
Ибраим во четвртфиналето ќе се бори со рускиот репрезентативец Борис Шикунов, ако го победи ќе обезбеди место во полуфиналето и најмалку бронзен медал.
Даниел Митров го доби противникот за четвртфиналето и ќе се сретне со Максим Казаку од Молдавија. Исто така, противникот го дозна и Роберт Костовски кој ќе се бори со Сони Даграед од Белгија во четвртфиналната средба.
Останатите наши репрезентативци настапуваат од утре.