Вацлав Сивак, шампион на Чешка во К-1, во Тренчин во Муј таи го победи неговиот конкурент Лукаш Мандин. Тој за време на целиот меч ја имаше контролата на борбата во сите пет рунди. Може да се каже дека и неговиот ривал беше задоволен со тоа што мечот не заврши предвреме со нокаут.
На крајот од погласувањето, Сивак победата ја прослави со ромско знаме околу него.
Вацлав Сивак во самата борба влезе одлучно . „ Во мечот влегувам подготвен и одлучен да победам„ рече пред натпреварот за медиумите.
Според медиумите во Чешка сега Сивак има покана да се префрли во друг ранг на натпревра познат како МЛД. „Оваа понуда за мене е огромна чест и признание и ќе заминам. Но мојата страст е сеуште К1 и техинката Муј Тај", рече Сивак.
Инаку Вацлав Сивак во оваа категорија ќе биде претставен на 29 март во Прага во професионалниот К-1 натпревар. Името на неговиот противник сè уште не знае.
Link: http://www.romea.cz/cz/zpravodajstvi/vaclav-sivak-oslavil-vitezstvi-na-muay-thai-ev