Роми - Легендите на некогашното југословенско карате

Карате е јапонска боречка вештина која ги користи сите делови на телото со цел за самоодбрана. Зборот на јапонски значи празна рака. Се појавува во 16 век во древна Јапонија.Прв почнал да ја усовршува,негува и предава од колено на колено,големиот учител (sensej) Окинава. Каратето содржи повеке стилови како што се Shotokan, Wado-Ryu(kai), Kenpo, Wado Kai и други.

Оваа вештина за време на Југославија беше многу популарна и воедно југословенските каратисти имаа огромни успеси и на интернационална сцена.
Тоа ги постави и стандардите за квалитетни југословеснки каратисти кои можеа да бидат дел од репрезентацијата.

Затоа и ова наше поднебје беше преполно со талентирани и првокласни каратисти.
Малкумина знаат дека меѓу тие каратисти имаше и доста успешни Роми каратисти на овие простори.
Името како што е Вели Амет, во тој период беше стандарден првотимец во КК Работнички и еден од најквалитетните каратисти на просторите на Македонија. Исто може да се спомене и Миљазим Сакип како и некои други оставија длабок белег во карате спортот во Македонија и пошироко. А сите тие беа Роми.

Но сепак мора да се согласиме во една работа. Како најквалитетни и најталентирани токму во периодот на 70-тите и 80- тите беа браќата Ибраим Куртиш и Братислав Спасиќ.
Тие беа секогаш во првиот тим на тогаш еден од најквалитетните Карате клубови на просторите на Југославија -КК Работнички.

Под раководство на тогашниот тренер Венцислав Недев, Токму Ибраим Куртиш - Курта и Братислав - Бато Спасиќ, беа и редовно повикувани да се натпреваруваат во кимоното на Југославија од страна на тогашниот карате селектор Илија Јорга.
Редеа успеси и беа неприкосновени како во борби во својата категорија така и во натпреварувањето во кати. Беа повеќекратни државни прваци на Југославија и со признанија како до Балкански, така и од европски првенства.

И после толку години со многу медали, признанија, пехари и стекнати карате титули, кај нив каратето повеќе или помалку сеуште е активно.
Само како пример, Ибраим Куртиш - Курто сеуште е активен со тренинзи и е главен тренер на КК Улцињ од Црна Гора.

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 412 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот