Музика

Техемана Лазар, едниствениот трубач жена во државата

Техамана Лазар (44), е единствената жена-трубач во Македонија.
Уште од малечка многу се заинтересирав за тој инструмент и нормално, како и секое дете, сакав да пробам да учам да свирам. Кога пробував, излегуваше тон, што е многу чудно за едно девојче. Се запишав во нижо музичко училиште.

Сите ме прашуваа што сакаш да свириш, а јас одговарав ‘труба’. Секој инструмент си има свои потешкотии, не можам да кажам дека немав проблеми. Потребно е многу вежбање и да се посветите на инструментот што е можно повеќе. Жена да земе труба и да свири, тоа е малце за нашето општество е баук. Не е секојдневно.

Јас сум лик кој треба да го претстави ромското општество, култура, музика, јазикот. Личност која дава слика за Ромите во целина.

Работам на две места. Предавам ромски јазик во училиштетот „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шутка и второто работно место ми е како професор по музика. Предавам вокал, солфеж и труба. Тоа е организација или училиште која се вика „Рома рок скул“. Тоа значи дека не изучуваме само ромска музика, туку се занимаваме со учење и на други правци, вели Техамана.

Ферус откри до кога планира да свири

Кралот на саксафонот Ферус Мустафов кој е постојано активен на музички план , редовно твори инструменталки на својот саксафон.

Помеѓу другото тој е тука во секое време и да даде помош на сите оние млади музичари кои се трудат и сакаат да ги научат вештините на овој дувачки инструмент.

-Доаѓаат млади деца. Имам доста деца што сум ги учел. Свират професионално. Да не ги набројувам,но од внукот од мојот најстар син. Имам од Велес добар ученик, Мајкл. Потоа Џафер, Исо и уште многу други. Имав и од Америка, женски две и од Австралија ги учев. Сите се добро учени, истакнува Ферус.

И покрај тоа што веќе е прогласен за крал на саксафонот, самиот Ферус истакнува дека сеуште учи. Како што додава животот е едно големо школо во кој постојано учиме. На прашањето до кога ќе свири Ферус децидно одговара:

-До кога ќе свирам, додека Господ вика свири и престани, и додека држат нозете и рацете кратко истакнува Ферус.

Неодамна Ферус беше дел од видео проектот кој го сработија “Бумбари бенд” по повод јубилејот од 25 години на македонската музичка сцена.

 

Gitar Art Festival - GAF : Молњите на гитарата и целата магија на фламенкото

Gitar art festival (GAF) и оваа година по 20-ти пат јубилејно потсетува дека духот на народот најдобро се чува во уметноста. Дали е тоа форма на еден живот преку волшебниот фламенко - џез или ромскиот звук на свингот - неверојатна комбинација на темперамент на еден народ и умешноста на нејзините виртуози.

Розенберг Трио од Холандија е секако меѓу најдобрите преставници на тој заразен ромски звук каде на европското тло го поставил ненадминливиот Џанго Рајнхарт , молњата со три прста, прв и веројатно единствен џез гитарист кој имаше влијание на своите колеги преку океанот. Но и на Розенберг Тројката, браќа со необични имиња - Штокело на гитара, Нони на контрабас и Нуше на ритам гитара кои на 13 март настапија во Комбакт арена во рамките на GAF.

Во нивното музицирање има од се по нешто - романско, унгарско, балканско, ромски фолклор , затоа што се Мануши, Роми од Средна Европа, кои ги наследија ритмовите и музиката на своите предци. Тогаш меѓу нив се појави Џанго и им објасни како тоа се работи и се формира едниствен музички јазик каде ритамот на татковците го направија свингот.
На тој начин фолкот стана џез варијација на европски начин. Гитарите го превземаа приматот , а свирката стана местото каде прстите летаат преку жиците побргу и од најбрзите тркачки кругови во Монца.

Инаку Розенберг Трио како првокласни преставници на тој единствен стил ги свират познатите мелодии , но секогаш нешто свое. Имаа настапи насекаде (во Белград беа два пати) од „North Sea Jazz“ фестивал до њујоршкиот „Карнеги Хол„ секаде со потсетување дека легендата е една и единствена.

Ако сакаш да го научиш и да го разбереш ромскиот џез , започни со Џанго , најдобриот гитарист одсекогаш, вели Штокело Розенберг кој започнал да свири гитара кога имал само 10 години. Уште тогаш започнал да го слуша Џанго и ги научил сите негови солоа, емитирајќи го до последниот детал, што беше една добра причина да не се пропушти и овој настап.

И покрај ромскиот свинг во тренд е и фламенкото па затоа и Gitar art festival успеа да го донесе и еден од најдобрите во овој стил на свирка, Порславениот фламенко гитарист Висенте Амиго одржа концерт на 12 март во истата сала. Во својата кариера Амиго повеќе пати го посетил Белград и се врати повторно после десет години за да ги престави нумерите од актуелниот негов албум “Memoria de los sentidos”. На овој албум овој уметник се враќа на своите традиционални корени на фламенкото и одаде почит за својот учител и пријател Пако де Лусија со нумерата Реквием.

Амиго досега соработувал со доста познати имиња како што се Алехандро Санц, Калед или Мигуел Босе, а со Стинг го снимил големиот хит „Send Your Love“. Досега настапувал со најголемите современици на гитарата како што се Пако де Лусија, Ал ди Меола, Џон Меклафин , па дури и со рок имиња како што се Џо Сатриани, Стив Вај, Кит Ричардс и Боб Дилан.

Естрадната ѕвезда Иван Куртиќ опишал низ какви сознанија поминал за време на пеење по ромски свадби

Иван Куртиќ како пеач настапувал на бројни веселби , а како што вели многу од нив биле однапред и договорени бракови, и дека е тажен поради тој факти и неодговорните родители кон своите деца.

"Често пати пеев по свадби каде имаше однапред договорени бракови, претежно кај помлади Роми. Повеќето беа тажни и нсреќни млади деца, кои не беа ниту прашани за тие бракови затоа што родителите од порано веќе беа договорени. Кнедла во грло застанува кога се гледаат такви слики и да ја гледате нивната тага во моментите кога треба да се најсреќни на свет.

Се случуваа и често скандали за време на веселбата, например ако се востанови да речеме младата невеста да не биде невина. Се откажуваа свадби , имаше инциденти меѓу семејствата.

Времето на такви договорени бракови треба да е веќе минато, и сите треба да тежнеат кон тоа, и такви случувања повеќе да ги нема„ напомена Куртиќ.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 178 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата