Кралот на саксафонот Ферус Мустафов кој е постојано активен на музички план , редовно твори инструменталки на својот саксафон.
Помеѓу другото тој е тука во секое време и да даде помош на сите оние млади музичари кои се трудат и сакаат да ги научат вештините на овој дувачки инструмент.
-Доаѓаат млади деца. Имам доста деца што сум ги учел. Свират професионално. Да не ги набројувам,но од внукот од мојот најстар син. Имам од Велес добар ученик, Мајкл. Потоа Џафер, Исо и уште многу други. Имав и од Америка, женски две и од Австралија ги учев. Сите се добро учени, истакнува Ферус.
И покрај тоа што веќе е прогласен за крал на саксафонот, самиот Ферус истакнува дека сеуште учи. Како што додава животот е едно големо школо во кој постојано учиме. На прашањето до кога ќе свири Ферус децидно одговара:
-До кога ќе свирам, додека Господ вика свири и престани, и додека држат нозете и рацете кратко истакнува Ферус.
Неодамна Ферус беше дел од видео проектот кој го сработија “Бумбари бенд” по повод јубилејот од 25 години на македонската музичка сцена.