Техамана Лазар (44), е единствената жена-трубач во Македонија.
Уште од малечка многу се заинтересирав за тој инструмент и нормално, како и секое дете, сакав да пробам да учам да свирам. Кога пробував, излегуваше тон, што е многу чудно за едно девојче. Се запишав во нижо музичко училиште.
Сите ме прашуваа што сакаш да свириш, а јас одговарав ‘труба’. Секој инструмент си има свои потешкотии, не можам да кажам дека немав проблеми. Потребно е многу вежбање и да се посветите на инструментот што е можно повеќе. Жена да земе труба и да свири, тоа е малце за нашето општество е баук. Не е секојдневно.
Јас сум лик кој треба да го претстави ромското општество, култура, музика, јазикот. Личност која дава слика за Ромите во целина.
Работам на две места. Предавам ромски јазик во училиштетот „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шутка и второто работно место ми е како професор по музика. Предавам вокал, солфеж и труба. Тоа е организација или училиште која се вика „Рома рок скул“. Тоа значи дека не изучуваме само ромска музика, туку се занимаваме со учење и на други правци, вели Техамана.