Музика

Кој се крие зад уметничкото име „Малиша„ на балканската музичка сцена ?

Таа е Елеонора Мустафовска попозната како наследничка на кралицата на ромската музика Есма Реџепова - Теодосиевска која еден период беше позната и како вокал во ново брендираниот Есмас бенд.

Таа се одлучи на публиката да и се престави сега под уметничко име -Малиша , што е единствено и необично. Од смртта на Есма поминаа три годиниу, и самата признава дека тоа кај неа остави голема трага.

-Нејзината смрт ме растажи и ми требаше време да се вратам во нормалниот живот. Верувам дека се радува на овие мои нови почетоци и ме гледа некаде од таму горе.
Инаку во оваа своја нејзина нова музичка страна исто и помага и Симеон Атанасов кој е соработник со неа во повеќе проекти.

Својата прва песна „Теби се предајем„ , Малиша ја сними на српски јазик, и истата веќе брои над 500.000 прегледи.

 

Youtube: https://www.youtube.com/watch?time_continue=12&v=oNK52r2DJds

Почина познатиот ромски музичар од Чешка Јан Сурмај

Ромскиот музичар Јан Сурмај почина по раните утрински часови на 4-ти јули на 64-годишна возраст по долга болест. Тој израснал во ромската населба Кочановице во источна Словачка.

Г-дин Сурмај се посветил на музиката која започна во детството, главно свири на хармоника и виолина. По неговата воена служба, тој се преселил со својот брат и мајка во Нератовице во Централна Бохемија.

Тој ја продолжи својата музичка кариера во Бохемија откако почна да свири на свадби и по локали во Словачка. Тој го основал својот оркестар и настапил во неколку филмови.

Г-дин Сурмај и неговата сопруга имаа два сина кои исто така се музичари , и снимен е документарце за ROMEA TV .

Link: http://www.romea.cz/en/news/czech/romani-musician-jan-surmaj-has-passed-away-in-the-czech-republic

Youtube:

Љиљана Петровиќ - Батлер - Душата на ромската кафеанска песна

Нејзиното најголемо училиште беше -кафеаната. Родена е во Белград на 14 декември 1944 година во уметничко семејство.

Својот прв настап ко имаше на 12 години кога ја замени својата болна мајка. Таа многу рано и постана мајка.
„Трагедијата на нас Ромите е што многу рано созреваме. Јас постанав мајка на 14 а мојот сопруг имаше 16 години.„

Иако едно време посетуваше музичко училиште , нејзино најголемо училиште и беше како што вели - кафеаната. И покрај оргромната популарност повеќе пати на своја кожа ја почувствувала дискриминацијата.
- Ми велеа: „ Што оваа Ромка работи во телевизијава секој ден?„ Отсекогаш Ромите беа непочитувани и ние самите сме виновни за тоа, затоа што тоа и го дозволивме.
Кон крајот на 80-тите кога почувствува дека ќе има војна ги собра своите 3 деца и со една торба побегнала во Германија
Таму започна да пее по ромски свадби за да преживее и да егзистира.
Истовремено работеше и тешки физички работи, како што е чистење на купатила и др, што беше забележано и на документарниот филм посветен на неа а направен BBC.

Link: https://www.blic.rs/zabava/zivot-pun-uspona-i-padova-porodila-se-sa-14-godina-proslavila-se-u-celom-regionu-a/213bvr7

Ниш: Фестивалот на ромската музика „Me sem Šaban“ (Јас сум Шабан) на 7-8 јуни на летната сцена

За разлика од минатата година кога беше одржан во амфитеатарот на кејот на Ниш оваа година програмот ќе се реализира на летната сцена во Тврдината и во Нишкиот културен центар.

На првиот фестивалски ден планирана е трибина на тема музичка оставнина на кралот на ромската музика , Шабан Бајрамовиќ и настап на оркестарот Црни мамби и Небојаш Саитовиќ како еден од иницијаторите на овој фестивал.

Официјалното име на самиот фестивал е „ World and Gipsy music festival„ Со својот специфичен репертоар се собира голем број на публика.

Фестивалот ќе го отвори трубачот Небојша Сејдиќ внук на познатиот Феат Сејдиќ . Исто така свое учество ќе има и оркестарот „Апсолутно романтично„ од Нови Сад кој со години наназад го придружува кантавторот Ѓорѓе Балашевиќ и за прав пат ќе има настап пред нишката публика.

Организаторот на фестивалот е Федерацијата на ромските основци, среднисти и студенти (FROS) и Нишкиот културен центар, а влезот е бесплатен.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 414 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот