Социјала

Студија во ЕУ и Северна Македонија: Нема подобрување во интеграцијата на Ромите

Позицијата на Ромите, со лоши услови за живот и неизвесна перспектива за образование и работа, не е подобрена и покрај целите поставени од Европската унија (ЕУ), се вели во извештајот објавен денеска од Европската агенција за основни права (ФРА), во кој покрај членките на Унијата беа опфатени и кандидатките за членство, Северна Македонија и Србија.

Ромите насекаде „продолжуваат да се соочуваат со шокантни нивоа на маргинализација и дискриминација“, вели директорот на ФРА Мајкл О’Флаерти во изјавата, додавајќи дека креаторите на националните политики треба да вложат „секакви напори за борба против овие неподносливи ситуации“.

Извештајот, заснован на речиси 8.500 сведоштва на Роми во десет европски земји, нагласува „недоволен и премногу бавен напредок“.

Според ФРА со седиште во Виена, 80 отсто од членовите на ромската заедница живеат во сиромаштија, додека просекот кај остатокот од населението на ЕУ е околу 17 отсто. Овој податок беше ист кога беше спроведена последната студија на оваа тема во 2016 година.

Повеќе од половина живеат во влажни, темни станбени единици без соодветни санитарни објекти (за разлика од 61 отсто во 2016 година), а 22 отсто немаат проточна вода (за разлика од 30 отсто пред шест години).

Само 43 отсто од Ромите во ЕУ имаат платена работа, додека просечната вработеност во Унијата е 72 отсто.

Очекуваниот животен век за жените Ромки е 71 година, а за мажите Роми 67 години, во споредба со 82 и 76 години за општата популација во ЕУ.

Кога станува збор за образованието, бројките се драматични бидејќи 71 отсто од младите Роми го напуштаат образовниот систем предвреме, додека просекот е само 10 отсто меѓу младите од 18-24 години во ЕУ.

Извештајот се базира на податоците собрани од ФРА во текот на 2021 година во членките на ЕУ – Хрватска, Чешка, Грција, Унгарија, Италија, Португалија, Романија, Шпанија, како и во двете земји кандидати Србија и Северна Македонија.

Во Бугарија и Словачка, податоците беа собрани од националните власти со поддршка на ФРА.

 

Link: https://lokalno.mk/studi%d1%98a-vo-eu-i-severna-makedoni%d1%98a-nema-podobruva%d1%9ae-vo-integraci%d1%98ata-na-romite/?fbclid=IwAR2z5nY7Cf4_X-w_AV6mNv-RubMyExVNISCIVg3BirExnQ8CJpDs7beFqkg

Иницијатива парк во Белград да се именува по убиено момче Ром

„Мојот брат денес би имал 38 години. Мојот брат денес би имал свое семејство.

Со овие зборови Душка Јовановиќ им се обрати на собраните во Белград на комеморативната средба по повод 25-годишнината од убиството на момчето Ром Душан Јовановиќ.

На 18 октомври 1997 година бил претепан до смрт пред зградата во која живеел од двајца членови на неонацистичкото движење „скинхед“.

Причината поради која го пресретнале и брутално го претепале момчето, кое тогаш имало 13 години, била неговата боја на кожа.

Четврт век подоцна, неговата сестра, со поддршка на невладината иницијатива А11, доставила предлог до градската управа на главниот град на Србија паркот во таканаречената Митичка дупка кај плоштадот Славија, во непосредна во близина на куќата на Душан, да се именува по него.

 

Link: https://www.slobodnaevropa.org/a/inicijativa-da-park-u-beogradu-dobije-ime-po-ubijenom-romskom-decaku-dusanu-jovanovicu/32090252.html

Две години од смртта на поранешниот лидер на СРМ и пратеник Амди Бајрам

На 24 октомври се навршија од смртта на некогашниот претседател на Сојузот на Ромите од Македонија и пратеник во повеќе мандат во Собранието Амди Бајрам.

Поповод две години од неговата смрт  на гробиштата Бутел во Скопје неговото семејство, пријатели, познаници, сопартици и обични граѓани положија свежо цвеќе и евоцираа спомени за ликот и делото на Амди Бајрам.

Инаку Амди Бајрам покрај што беше претседател на СРМ тој беше и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и тоа од 1994–се до крајоот на својот живот 2020 кога починал на 64 годишна возраст.

Србија: Ставот на државата кон Ромите во пописот на населението

Околу 15.000 попишувачи ќе тропнат на вратите на секое домаќинство во Србија во текот на октомври, носејќи пописни формулари со 69 прашања. Пописот на населението вклучува опсежно собирање податоци за сите жители на една земја и се врши во речиси сите земји во светот, обично на секои десет години.

Тоа е „најважниот извор на поединечни податоци за населението и станбениот фонд на една земја и, според тоа, го претставува столбот на националната статистика“, според веб-страницата на Републичкиот завод за статистика (РЗС). Во разговорот со г-дин Балќ ќе се фокусираме на важни прашања поврзани со ромската заедница.

За повеќе информации кликнете на врската подолу

https://www.facebook.com/100001468150239/videos/1321411735374995/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 445 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот