Ненадејно и по кратко боледување на 77 годишна возраст во Врање, Р.Србија на 13 февруари оваа година почина истакнатиот ромски интелектуалец и професор Ибрахим Османи.
Тој е истакнат по своето залагање на зачувување на ромската култура, традиција, историја како и придонес во зачувување на ромскиот јазик и негова стандардизација. Целиот свој животен и работен век го посветил токму на тие полиња. Роден е на 30 декември 1944 година. Има завршено Филолошки Факултет „Блаже Конески„ во Скопје, отсек Српскохрватски јазик и југословенска книжевност. Беше професор по српскохрватски јазик во неколку училишта во Врање, Србија каде и се пензионираше и живееше.
Со неговата смрт ромскиот народ изгуби истакнат член од заедницата, но неговите дела ќе останат како еден документ и насока на делување на идните генерации млади и прогресивни Роми. Во продоложение проследет го едно од неговите последни обраќања, како мотив порака за идните генерации
Youtube: