Повикот за аплицирање за наградата на Европската унија за интеграција на Ромите во Западен Балкан и Турција за 2021 година е отворен, а годинашното издание на наградата е посветено на истакнати луѓе кои промовираат еднаквост преку вработување.
Наградата за интеграција на Ромите во ЕУ 2021 година ќе промовира приватни или јавни иницијативи чувствителни на проблемот со недостаток на вработување во ромските заедници, ќе понуди признавање, публицитет и поддршка на позитивните модели со давање конкретни, опипливи резултати.
Интеграцијата на Ромите останува клучен приоритет во процесот на проширување на ЕУ и Европската комисија е посветена на поддршка и признавање на работата на ромските и не-ромските јавни институции, приватни фирми, бизниси, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, институции, компании, работодавци и поединци како што се наставници или здравствени работници и граѓански организации кои помогнаа и постигнаа значителен напредок, конкретни одржливи резултати и позитивни промени што го олеснуваат вработувањето на Ромите.
Наградата е финансирана од Европската унија и спроведена од Рома Активна Албанија.
Рокот за пријавување е 30 април 2021 година.
Врска до формуларот за апликација:: https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/sites/default/files/application_eu_award_roma_integration_2021.pdf