Износот на социјална помош иако пред неколку години беше зголемен од 65 евра на 120 до 150 евра, во зависност од бројот на членови во семејството, не ги реши сите егзистенцијални проблеми на луѓето на кои помошта од државата им е најпотребна. Во овие февруарски зимски денови на околу сто социјално загрозени семејства во кои има болни, стари или невработени членови, или повеќе деца се издржуваат од таа помош, состојбата и положбата им ја влошуваат дополнителни прекини во примањата на парите поради неплатени долгови. Има многу семејства, сметките за комунални услуги се повисоки од износот на социјалната помош. Тие се оставени без никакви примања и живеат во страв од дополнително осиромашување.
Во Македонија има 32 илјади корисници на социјална помош од државата а поради пандемијата дополнителни 5 500 граѓани се регистрирaни како приматели на помош. Добиваат и помош од 15 евра за сметки поради пандемијата.
Од невладиниот сектор велат дека помошта, која за некои не доволна да платат сметки, дополнително се намалува поради пари кои луѓето треба да ги дадат за провизија на банките за одблокирање на сметките . Тие посочуваат дека дел од извршителите кога активистите ќе им однесат потврда дека лицето е корисник го деблокираат, но банката му наплаќа околу 25 евра провизија, а во случај пак ако извршители отишле во странство по неколку месеци корисници неможат да добиваат приход зашто се блокирани.