На сите страни 56 годишниот Сабит Татари од Нови Сад бара помош. Според него од 26 октомври тој и другите 4 семејства ќе останат на улица. Тоа е бројка од околу 20 членови.
Како самиот г-дин Татари вели дека неговиот татко уште во 1977 година купил 1 хектар земјиште за што има и Договор за купопродажба. Цели 43 години живее во својата куќа, која веќе е срушена.
Приказната започна пред 17 години кога едно физичко лице купил плац од 1 хектар во непосредна негова близина. Но по некое време плацот на Сабит било префрлено на името на вториот сопственик. Кој моментално е споственик на 3 хектари. Сабит прашува како е можно по 17 години влечење по судови да се донесе решение за рушење на куќата која одлука сеуште не е правосилна.
Тој се обратил со писмо и емаили и до премиерката Ана Брнабиќ и претседателот Александар Вучиќ но од таму сеуште нема никаков одговор.