Во изминатиот период се дигна голема „прашина„ во врска со една ромска свадба во Рим каде пееа Цеца и Аца Лукас. Како што пренесуваа некој медиуми организаторот на таа свадба искеширал 650.000 евра! Само луксузната изнајмена вила во Рим (во близина на колосеумот), храната и пијалокот чинеа 300.000 евра. За тортата од 5 спрата одвоија 15.000 евра. Сместувањето на гостите чинеше 20.000 евра, за пеачите сместувањето 6.000 евра, музичарите коштаа 230.000 евра, авионските карти 20.00 евра и др.
Цеца И Лукас за настапот земаа по 50.00 евра. Истотака на свадбата пееше и Тодорович 30.000 евра, Кеба, Шериф Коњевиќ и Енес Беговиќ по 20.000 евра а Надица Адемов и Александра Бурсаќ по 15.000 евра
Меѓутоа еден поранешен музички брачен пар беше најпопуларен на тие ромски свадби од каде профитираа многу.
Тоа се Зоран Пејиќ – Пеја и Злата Петровиќ. Популарниот Пеја вели: „Злата и јас кога бевме во брак бевме најголема атракција и најплатени на ромските веселби. Ние заработувавме и повеќе и од Шабан Шаулиќ.
"На тие веселби водевме со нас и по три, четри пеачии цел оркестар, затоа што заработувавме многу и ги пллаќавме ние„ искрен е Пеја.