Едан улица во Лесковац ќе се наименува по јунакот од Кумановската битка – Ахмет Адемовиќ

На 23 октомври се навршија 108 години од познатата кумановска битка. По тој повод градоначалникот на градот Лесковац, Србија Горан Цветановиќ порача дека за великанот од оваа битка Ахмет Адемовиќ , симболот на јунаштвото и слободата, кој го промени текот на историјата , заслужува да го паметат идните генерации. Затоа во периодот кој доаѓа ќе биде преименувана една улица со името на Ахмет Адемовиќ.
Таа битка се одигра за време на Првата Балканска војна во 1912 година во непосредна близина на Куманово помеѓу српската и турската војска. Во војната помеѓу 1912 и 1918 се изродија многу јунаци. Еден од нив е и заборавениот јунак Ахмет Адемовиќ инаку војник и трубач Ром од Лесковац.
Неговиот подвиг и јунаштво е брилијантниот подвиг на овој војник. Тој за време на оваа битка како трубач на српската војска се протнал во непријателските редови и отсвороил знакови со труба за повлекување. По овој звук збунетата турска војска започна со повлекување. Потоа тој незабележително се вратил во редовите на српската војска и почнал да свири знак за јуриш.
Овој рискантен и пред се триумфален потег беше еден од клучните фактори за победа на Србите во оваа битка, и затоа Ахемт Адемовиќ беше одликуван со Караѓорѓева ѕвезда со мечеви ,за кој беше толку горд што не ја симнал од реверот дсе до последниот негов ден од животот.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 300 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот