На стартот од октомври двајца Роми се претепани во автобус на патот за Батајница. Девојката која беше сведок на настанот е уверена дека брачниот пар преживеало тортура само затоа дека се од ромската заедница. Епилогот сеуште не е познат , затоа што МВР нема одговор за овој случај.
Наместо роденденска прослава на 1 Октомври за Велибор Трајковиќ и неговата сопруга Халиса се претвори во пекол. По завршеток на работниот ден на пазар, со автобус број 706 тргнаа за батајница каде и живеат.
„Во обид да се најде слободно место беа спречени на најбрутален начин. „Јас го прашав дали може да седнам, тој веднаш со тупаници ме нападна.Тогаш мојот сопруг сакаше да го спречи во неговиот напад. Тогаш и нему му се сврти и почна со тупаници и нозе да го удира.„ раскажува Хариса Трајковиќ
Сведоци беа сите патници но во нивна заштита застана единствено Милица Маријановиќ.
Сосема случајни ги забележија и полицајците кој беа на една автобуска станица. Кога излегоа од автобусот тогаш напаѓачот ја смени изјавата , велејќи дека тој е нападнатиот , затоа што се обиделе да го ограбат.
"Тогаш Милица им се обрати на полицијата со зборовите: Ајде да видиме колку пари има овој човек?, и кога го извадија неговиот ранец се виде дека нема никакви пари„ вели Халиса.
Инаку напаѓачот беше пуштен со образложение дека при себе немал ништо нелегално и доби само усно уверување дека ке биде поднесена пријава , без можност лично да го пријави настанот во полицијска станица.
Овој инцидент инаку има елементи на омраза и институциите потребно е да реагираатм велат од организацијата А11.