Универзалниот снабдувач со електрична енергија ЕВН не смее да ги исклучува од системот за електрична енергија ранливите потрошувачи во месеците декември, јануари и февруари поради неплатени фактури за испорачана електрична енергија, изјави изјави претседателот на Регулаторната комиџија за енергетика Марко Бислимоски по координатиовниот состанок со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО и ЕВН.
„Ранливиот потрошувач има можност за одложено плаќање или плаќање на минимум шест еднакви рати доколку има доспеан долг. Исто така, ранливиот потрошувач кој е заведен во евиденцијата на Министерството за труд и социјална политика има право од ЕВН (EVN Home) ДОО Скопје да бара да биде ослободен од обврска за плаќање на надоместок за повторно приклучување, како и бесплатно да му се направи вонредна верификација на мерната опрема", вели Бислимоски.