Бившиот премиер на Словачка Роберт Фицо е обвинет за расизам поради коментарот за загрозување на ромската популација, соопштува словачката полиција
Истражителите тврдат дека Фицо јавно се согласил со изјавата против Ромите кој ја искажал пратеникот од екстремната десница.
Пратеникот Милан Мазурек , кој е член на Народната партија „ Наша Словачка„ во 2016 година изјави дека „Ромите никогаш не направиле ништо за нацијата„
Мазурек е осуден за расизам оваа година и беше прв пратеник на Словачка кој го изгубил пратеничкиот мандат во Парламентот по изречената кривична пресуда.
Фицо подоцна прокоментирал дека скоро целата нација ќе се согласи со зборовите на Мазурек.
Од полицијата е соопштено дека доколку Фицо се осуди и биде прогласен за виновен може да биде осуден на казна затвор од 5 години, соопштија медиумите.