Во недела утрото во близина на Клиничкиот Центар во Ниш 23 годишниот М.З. без никаков повод го нападна и го избоде 15 годишниот питач кој беше на таа локација.
Според првите информации жртвата не е во животна опасност и се наоѓа на Детската клиника во Ниш.
Министерството за внатрешни работи во Ниш излезе со информација дека е уапсен М.З. (23) под сомнение дека сторил кривично дело „обид за убиство„ и одреден му е 48 часовен притвор.
Според соопштението , се терети дека во недела во близина на Клиничкиот центар во Ниш со нож во стомак го прободел петнаесетгодишното момче нанесувајќи му тешки телчесни повреди.
Според пишувањето на медиумите М.З. потоа сам се пријавил кога ја видел информацијата во медиумите за нападот врз малолетникот.
- Напаѓачот немаше објаснување зошто го направил овој напад врз малолетникот. Момчето му побарало пари , а тој потегнал по ножот и го избодел во стомакот. Не се исклучува можноста дека можеби и бил пијан , велат извори од медиумите.
Осмоничениот му е одреден притвот од 48 часа и тој покрај кривичната пријава , ќе биде приведен во Вишото Јавно обвинителство во Ниш.