За состојбата на Ромите во Хрватска доста зборува и фактот дека официјалниот попис не може да потврди колкав е всушност бројот на Ромите. Спротивно од предрасудите за нив како оние кои го „користат системот„ некој од Ромите го кријат и своето потекло која ја разбираат како стратегија за да се опстане, пишува регионалниот портал „Билтен„
Ревизионизмот и негирање на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна, стана како дел од „медиумската култура„ предупреди на преставување на прирачникот за судбината на Ромите во т.н. НДХ, историчарот и авторот Данијел Војак.
Во Хрватска ромската популација е релативно мала и според пописот на гражаните во Хрватска од 2011 година ги има околу 17.000. Но истражувањата од Канцеларијата за човекови права и правата на националностите од 2011 покажа дека најмалку 24.524 лица се од ромската популација.
Дека дискриминацијата и предрасудите кон Ромите во Хрватска се секојдневие ја покажува и информацијата од Канцеларијата од правобранителот и дадените преставки. Всушност 28% од Ромите навеле дека барем еднаш во текот на годината се соочиле со дискриминација, а 17% од нив навеле дека во текот на животит доживеале и физички напад само затоа што се Роми.
Кога станува збор за вработувањето , дури 44% од Ромите се невработени, и уште 22% се со статус домаќинки , односно се грижат за домаќинство со полно работно време.
Станбените услови кај ромските домаќинства дури 43% од нив немаат вода преку водоводот, половината немаат бања со туш, 73% немаат канализација а секое дестео домаќинство нема електрична енегрија.
Просечен месечен приход во ромското домаќинство , без разлика на изворот на приходи изнесува околу 550 евра,што е доста под просекот за доволни средства за остварување на основните животни потреби.