Бугарскиот заменик-премиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов воведува контроверзен план за интеграција на ромското малцинство во бугарското општество.
Нацрт-законот за концептот "Концепт за интеграција на несоцијализираната Ромска етничка заедница предвидува различни задолжителни практики за Ромите, вклучувајќи и присилна општо корисна работа за лица над 16 години.
Оние кои не можат да плаќаат сметки за комунална хигиена според законот ќе мора самите преку општо корисна работа да ги чистата реоните кај што живеат.
За да се контролира стапката на наталитет кај Ромите, Каракачанов предлага програма за државен абортус, која ќе обезбеди бесплатни абортуси за жени со повеќе од три деца.
Предлог-законот сугерира "необразовани и невработени" Роми да бидат испратени во "центри за обука".
Предлог-законот, исто така, предлага намалување на социјалната помош ако Ромите одбиваат да работат или ги испраќаат своите деца на училиште, уривање на неовластени ромски куќи и создавање на доброволни безбедносни единици во области населени со Ромите.
"Ако Каракачанов го разгледа уставот, тој ќе види дека сите ние имаме еднакви права", рече пратеникот Џејхан Ибрјајмов од партијата Движење за правата и слободите (ДПС), критикувајќи го планот. Ибрјајмов, кој потекнува од турското малцинство во земјата, го нарече и предлогот "нехуман".
Каракачанов е лидер на Бугарското национално движење (ВМРО) и еден од тројцата водачи на националистичкиот блок Обединети патриоти, кој влезе во коалиција со владејачката премиер Бојко Борисов - Граѓаните за европски развој на Бугарија (ГЕРБ).