Политика

Фон дер Лајен утре на работен ручек со лидерите на Западен Балкан – во фокус Планот за раст

Претходно денеска, во изјава за медиумите премиерот Христијан Мицкоски изјави во Брисел оди не за да го презентира Планот за раст туку, како што рече, за да ја претстави фрустрацијата што ја чувствуваат македонските граѓани

Меѓународните односи и имплементацијата на Планот за раст на регионот ќе бидат теми на разговор на утрешниот работен ручек што претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе го одржи со лидерите на шесте држави од Западен Балкан.

На работниот ручек, како што информираа денеска од ЕК, поканети се премиерот на С Македонија, Христијан Мицкоски, на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти и на Црна Гора, Милојко Спајиќ, претседавачката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. 

Европската комисија информира дека во моментов ја финализира проценката на доставените реформски агенди на земјите од Западниот Балкан поврзани со Планот за раст кои се однесуваат на социо-економските аспекти и на областа на основните права. 

Денот кога застана целиот свет: 23 години од страшниот напад на кулите близначки

Денеска се навршуваат 23 години од терористичкиот напад на Соединетите Американски Држави (САД) на 11 септември 2001 година - еден од најтрауматичните настани на векот, во кој загинаа 2.977 луѓе и сите 19 киднапери.

Два киднапирани авиони тогаш ги погодија кулите „близначки“ на Светскиот трговски центар во Њујорк, како и комплексот Пентагон во Вашингтон. Еден авион се урна во Пенсилванија.

Директна последица од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година беше одлуката на Белата куќа на чело со Џорџ Буш да му објави војна на тероризмот во светот, што несомнено суштински ги определи тенденциите во меѓународните односи од првите децении на 21. век.

Во пролетта 2011 година, командоси на американската армија извршија рација во комплекс во Пакистан каде што Осама бин Ладен, обвинет за терористички напади врз САД, се криеше и го убија. За ликвидацијата информираше тогашниот американски претседател Барак Обама.

Во јануари 2013 година, судијата на воениот суд во американската воена база во Гвантанамо, Куба, го отфрли барањето судењето на пет лица обвинети за нападите на Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година јавно да се емитува на телевизија.

На местото на кулите во Њујорк беше подигнат споменик на жртвите, а беше изграден и новиот Светски трговски центар.

Video:

Од 10-ти ноември нови правила за влез во Eвропската Унија, од следната година ќе треба и онлајн апликација

Нови правила за влез во Европската Унија за граѓаните од земјите со безвизен режим, вклучително и од Македонија. Oд 10-ти ноември ќe има зголемени проверки при влез и излез и биометриско скенирање, а од средината на следната година целосно ќе започне примената на ЕТИАС, новиот безбедносен механизам на Шенген зоната,.

Системот ќе собира и проверува податоци за патниците кои патуваат со цел да се детектираат потенцијални безбедносни ризици.

Ова значи дека ќе треба да се аплицира онлајн, барем месец дена пред патувањето. Иако се предвидува за обработка на податоци да се чека од неколку минути до четири дена, постои можност системот да детектира дополнителни проверки и да бидат побарани повеќе информации од патниците, дури и да бидат поканети на разговор во Амбасада за земјата за која сакаат да патуваат.

При аплицирањето, патниците ќе плаќаат такса од 7 евра, а ќе биде бесплатно за луѓето под 18 години и над 70 години.

Откако ќе добиете одобрение, тоа ќе важи три години или до истекот на пасошот.

Со важечки ЕТИАС може да влезете на територијата на европските држави колку често сакате за краткотраен престој, до 90 дена на секои 180 дена. Сепак, ЕТИАС не гарантира влез. Граничниот службеник и натаму ќе бара пасош и други документи кои потврдуваат дека ги исполнувате условите за влез.

Формуларот ЕТИАС нема да мора да го пополнуваат лица што имаат валидна виза или дозвола за престој во земја на ЕУ. Образецот исто така не го пополнуваат лица што живеат покрај граница и поседуваат гранични пропусници.

Според правилата на самите гранични премини, потребна е биометриска проверка на патникот, односно отпечатоци од прсти или фотографија на самиот, но доколку поседувате биометриски пасош, тогаш влезот е поедноставен и побрз. Граѓаните кои имаат биометриски пасоши не треба да одат на пасошка контрола преку службеник доколку електронската проверка не покаже никаква пречка.

Безвизниот режим на патување во земјите членки на ЕУ за Македонија беше воведен во 2009 година, што беше и една од најголемите придобивки на евроинтегациите, и оддаваше впечаток кај граѓаните дека се доближуваат поблиску до европското семејство иако Македонија со години е пред портите на Брисел поради разни блокади.

 

Русија, Украина и ЕУ: Новиот закон во Унгарија ја намали помошта за украинските бегалци, најзагрозени се Ромите

Илјадници украински бегалци би можеле да завршат на улица или да бидат принудени да се вратат во Украина поради законот што стапи на сила во Унгарија. Новите прописи ја ограничуваат помошта за Украинците, така што само оние кои доаѓаат од областите на Украина директно погодени од руската инвазија ќе имаат право на неа. Унгарските власти на таа листа вклучија 13 украински региони, а владата на оваа земја членка на Европската унија секој месец ќе објавува нова листа.

Списокот моментално ги вклучува Днепропетровск, Доњецк, Житомир, Запорожје, Луганск, Миколаев, Одеса, Суми, Харков, Керсон, Чернихив, Киевската област и Крим, полуостров припоен од Русија во 2014 година. v Засега не е познато колку од вкупно 31.000 украински бегалци во Унгарија ќе бидат загрозени поради стапувањето во сила на новите закони.

Најранливи се Ромите од западниот Закарпатски регион, кои моментално живеат во засолништа, кои сега ќе бидат затворени, предупредуваат активистите за човекови права. Нивната позиција е уште посложена поради фактот што многумина имаат и украинско и унгарско државјанство.  Затоа, тие не можат да бараат азил во други земји од ЕУ.

Link: https://www.blic.rs/bbc/rusija-ukrajina-i-eu-novim-zakonom-u-madjarskoj-smanjena-pomoc-ukrajinskim/9s66d93

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 225 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата