Политика

Република Северна Македонија: Изборите на 8 мај ќе ги следат речиси 2 000 домашни и странски набљудувачи и новинари

Речиси 2 000 набљудувачи, домашни и странски новинари и преведувачи ќе ги следат двојните избори на 8 мај во земјава. За следење на вториот круг од претседателските и изборите за пратеници се акредитирале вкупно 1 999 набљудувачи од кои најмногубројни, или 1 078, се домашни. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи, 66 странски новинари, а ангажирани се и 85 преведувачи. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи и 14 експерти, а од домашните, најмногубројни, или 752 набљудувачи, се ангажирани од Здружението за развој на општествено-социјални иновации „Вејк ап“.

Изборите ќе ги следат и 138 набљудувачи од Парламентарното собрание на ОБСЕ, ад хок комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа со 33 набљудувачи, како и 68 набљудувачи од Амбасадата на САД во Скопје. Акредитирани за следење на двојните избори се и 66 новинари и медиумски работници од најголемите балкански и регионални медиуми, но и од Ројтерс, Асошиејтед прес, Ал Џезира, Франс прес.

Акиф Кариман – Претседател на партијата АВАЈА: Сега Ромите имаат јасна опција: политика на интегритет, знаење и колективен напредок. Имаат опција за самоопределување!

  • Гласовите на Ромите секојпат оделе на сметката на поголемите политички партии. Ние за себе сметаме дека сме прва партија која ќе работи исклучиво за интересите на нашата заедница, а не за доминантните партии. Нема да биде лесно, но ќе го обединиме ромскиот глас.
  • Во исто време, не можеме само да критикуваме, го немаме тој луксуз, а нашиот народ го нема тоа време и трпение веќе. Ние излегуваме од нашиот комфор за да постигнеме колективен напредок. Доколку не го направиме сите тоа, тогаш никого не можеме да обвинуваме за состојбата во која се наоѓаме како заедница.
  • Самиот факт дека настапуваме самостојно е промена и новина како таква. Дополнително, ние си дозволивме да преземеме ризик и многу голема одговорност да влеземе во политичката сцена во време кога поларизацијата во нашето општество е поголема од било кога, и интересот да се добие секој глас по било која цена.
  • Ние одбиваме да веруваме во премисата декаl нашиот народ е „превртлив“. Постојан контакт и разговори со заедницата, не само за време на избори, не само за политички поени. Нашиот народ е доволно мудар за да се прилагоди и да препознае вредност во понуда за трансформација на долги патеки и понуда за еднократна трансакција.
  • Ние не водиме политика на лични интереси, не бркаме позиции, туку политика за напредок и самоопределување на Ромите, затоа и настапуваме самостојно. Ние не се брзаме. Како што реков во моето прво обраќање: „АВАЈА дојде, и тука е да го земе тоа што ни следува како народ.“
  • Судејќи по досегашните пракси, не очекуваме изборите да бидат такви, за жал нивото на политичка зрелост и култура во нашата земја е сеуште на незадоволително ниво за да можеме да кажеме дека живееме во напредна демократија во која борбата е на ниво на идеи, и визија за иднината. Но тоа не значи дека се откажуваме туку напротив- ќе останеме доследни на нашата визија и принципи затоа што само така ќе придонесеме за развојот на демократијата и унапредување на политичката култура и зрелост во нашето општество.
  • Неуспехот не е опција за АВАЈА. Ние во нашите срца и глави сме веќе победници. Самостоен настап, програма на 14 страници за следни пет години, структура, поддржувачи и одличен тим. Со овој настап како прва ромска партија во поновата историја на РСМ, со овој изборен модел да настапи самостојно е и повеќе од успех. Бидејќи сме свесни за сите неправилности кои ќе се случуваат, секој освоен глас на АВАЈА за нас ќе значи дека сме освоиле срце на храбар и мудар Ром кој знае да процени и да го направи вистинскиот избор и покрај тоа што битката од страна на другите нема да биде чиста.

 

Светски ден на слободата на медиумите: Изјава на високиот претставник во име на Европската Унија

Секој ден, новинарите и медиумските работници храбро ја практикуваат својата слобода на изразување, често под голем личен ризик. Независното новинарство засновано на факти помага да се заштитат нашите демократии преку разоткривање на неправдите, држење на одговорност од лидерите и дозволување на граѓаните да донесуваат информирани одлуки. Во 2024 година, кога се одржаа избори во над 60 земји низ светот, работата на новинарите е позначајна од кога било. На овој Светски ден на слободата на медиумите, ја почитуваме нивната работа и храброст.

Како нашите очи и уши на земја, новинарите мора да бидат заштитени во секое време, секаде. ЕУ цврсто ги осудува сите акти на насилство, вклучително и заканите, врз новинарите за вршење на нивната професија, без разлика дали се извршени од држави, организирани групи или поединци. Не смее да има неказнивост за ваквите злосторства, без разлика каде се случуваат.

Новинарите и медиумските работници кои известуваат од вооружени конфликти мора да бидат заштитени во согласност со меѓународното хуманитарно право. ЕУ изразува жалење за драматичното зголемување на бројот на убиени или повредени новинари додека известуваат за разорните последици од војната. Премногу новинари ги загубија животите во последните месеци додека ни ги пренесуваа вестите од Газа. Новинарите, исто така, продолжуваат да се изложени на ризик на дневна основа додека известуваат за руската агресивна војна против Украина, како и за конфликтите во Мјанмар, Судан и на други места.

ЕУ изразува сериозна загриженост за практиката на негирање на пристапот на независните медиуми до конфликтните зони, како начин за контрола на информативниот простор и ограничување на пристапот на јавноста до фактичко и објективно известување.

Низ светот, независните медиуми се соочуваат со голем број егзистенцијални закани. Повеќе од кога било, ние мора да преземеме решителна акција за да обезбедиме дека медиумите можат да работат во остварливи политички, економски и правни услови. Дома, ЕУ направи значаен чекор кон оваа цел со усвојувањето на Европскиот закон за слобода на медиумите. Оваа значајна легислатива има за цел да ја подобри уредувачката слобода, да ги заштити новинарските извори и да ја подобри транспарентноста на сопственоста на медиумите во ЕУ.

ЕУ останува цврста во својата заложба за заштита на слободата на медиумите и плурализмот ширум светот. Во одбраната на слободата на медиумите, ние го штитиме не само нашето право да знаеме, туку и нашата способност да ја обликуваме иднината водена од вистината и одговорноста.

Link: https://www.consilium.europa.eu/en/press/press-releases/2024/05/02/world-press-freedom-day-statement-by-the-high-representative-on-behalf-of-the-european-union/?utm_source=brevo&utm_campaign=AUTOMATED%20-%20Alert%20-%20Newsletter&utm_medium=email&utm_id=320

Фондацијата „Ромите за демократија“ - Ромите против корупција и насилство

Фондацијата „Ромите за демократија“ бараат зголемување на нивните набљудувачи за време на вториот круг претседателски избори и прв круг парламентарните, каде што е констатиран предизборен поткуп, на местата кај што живее доминантно ромско население

Фондацијата на „Ромите за демократија“ организира марш против корупцијата и насилството.  Од Фондацијата „Ромите за демократија“ се пред Министерство за внатрешни работи побараа средба со министерот за внатрешни работи, Тошковски.

Link: https://www.mrt.com.mk/node/109020

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 264 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата