Политика

Интервју со Селвија Мустафи дел од кор тимот на АВАЈА: „ Аваја е во еволуциона фаза во која се случуваат промени во повеќе аспекти којшто е апсолутно здрав процес.„

Рома Тајмс: Аваја изминатиов период додаде и една додавка - Роми за Демократија - Roma for Democracy ? Колку оваа додавка влиаеше на смената од претходното раководство во ова сегашно?

Селвија Мустафи: Фондацијата Ромите за Демократија е новиот ентитет и извор за нова надеж со цел да го зајакне демократското учество на Ромите во општеството, а Аваја е иницијативата која претставува конститутивен дел на фондацијата. Една од целите на фондацијата ќе биде да поддржува индивидуалци, неформални групи, движења како и медиумски портали кои го промовираат придонесот на Ромите во развојот на демократијата.
Формирањето на фондацијата не влијаеше во смената на претходното раководство, напротив отвори простор за еден поширок видик и заедничко работење преку вклучување на луѓе и од други региони во државата кои имаат голем потенцијал во јакнење на моќта на заедницата.

Р.Т.:Кој е сега во раководството на Аваја , и дали има во раководствот од претходниот состав?
С.М.: Аваја е во еволуциона фаза во која се случуваат промени во повеќе аспекти којшто е апсолутно здрав процес. Во раководството имаме луѓе од претходниот состав, но и појачување со активисти кои во текот на овие 4 години имаа можност да водат на локално ниво и да растат во целиот процес за сега да достигнат раководствено ниво.
Тоа што е клучно во целиот процес на работење е нашата волја за работа без разлика за тоа кој води, бидејќи целта на крајот од денот е иста, но само фокусот различен. Од една страна ги имаме брзите подеби во ромските маала во многу општини а од др. политичкото организирање и влијание.

Р.Т.:Кој е сега фокусот на активности на Аваја?

С.М.:Како и претходно, Аваја ќе се фокусира на 3 главни елементи, а тоа се:
политичката едукација, политичкото учество како и репрезентацијата.
Во минатото имавме можност да доживееме секаков вид на манипулации особено кога станува збор за избори. Од сето тоа главната поука е дека ни треба јакнење на гласот на заедницата, политичка едукација (како правилно да гласаме), учеството (зошто е важно секој да учествува и гласа) како и репрезентацијата – за поголемо влијание во креирање на државни политики.

Р.Т.:Кој е главниот мотив Аваја да прерасне во Ромско политичко движење?

С.М.:Мислам дека е крајно време да сфатиме дека мора да бидеме политички силно организирани и да бидеме дел од повисоките политички процеси и вклучени на позиции кои ќе направат промени за нашата заедница.
Мотивот е едноставен, ние немаме своја матична држава и (воена) сила за да демонстрираме таква снага, економски сме најсиромашна заедница во Европа, но тоа што можеме да го направиме е да се организираме политички и да делуваме преку градење на моќ во заедницата. Благодарение на нашите предци и лидери како Фаик Абди, нам ни е овозможено не само да размислуваме за политика, туку да се вклучиме активно во истата.
Аваја има генерација на млади лидери со капацитет да замислат подобра иднина преку заедничките идеи и волјата за подобрување на статусот на ромска заедница.

Вархеји од Тирана: Членството доаѓа на Западен Балкан

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, од Тирана истакна дека на Албанија и се случува членство во Европската Унија, а истото важи и за сите земји од регионот. Тој најави дека Унијата наскоро ќе објави план за раст за земјите од регионот.

„Членството доаѓа во Албанија. Членството доаѓа на Западен Балкан. Допрва ќе чуете што планираме во оваа насока, а тоа ќе биде планот за раст за Западен Балкан, што ќе го објавиме. Со него веднаш ќе се забрза проширувањето од први јануари наредната година, за да можеме да бидеме домаќини на новите земји-членки во најбрз можен рок кога тие ќе бидат подготвени. Ние сме подготвени“, рече Вархеји.

Вархеји планот го најави пред министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан. Тие се состанаа во рамки на Берлинскиот процес во Тирана, каде за десетина дена ќе се одржи и Самитот на овој процес на ниво на премиери и претседатели. На денешниот состанок се обрати и шефот на дипломатијата Бујар Османи, според кого најавата за новиот План за раст за Западен Балкан, треба да овозможи пристап до заедничкиот европски пазар и финансиска помош за регионот.

ИРУ со честитки до актуелниот европратеник Петар Полак, поповод освоените шест Ромски пратенички места на предврементите избори во Словачка

Поповод рекордниот број на освоени пратенички мандати на Ромски преставници на овогодишните предвремени избори на еднодомниот законодавен дом на Словачка во 2023 година, Интернационалната Ромска Унија – ИРУ и нејзиниот претседател Зоран Димов, испрати честитки до актуелниот европратеник  Петар Полак за неговиот освоен нов мандат на   Петар Полак  Јуниор како пратеник во Словачкиот законодавен дом  и воедно уште други пет Ромски пратеници и тоа: Ирена Бихариова, Ладислав Бужо, Анежка Шкопова, Вилијам Танко и Ингрид Косова.

Ова е историски успех на Ромската заедница во Република Словачка, коај на дело ја покажа својата унитарност и сплотеност.

Исто така и желбата на самите Ромски кандидати за пратеници дојде до израз и дадената енерегија за време на предизборната кампања и успехот беше само мал дел од севкупниот мозаик на напорите кои ги дадоа за да се донесе една посветла иднина на Ромската заедница во Словачка.

Примерот на овие ромски пратеници во Словачкиот парламент , нека биде патоказ и пример, како треба да делува Ромската заедница и во другите држави кога станува збор за колективниот интерес на Ромите и нивниот придонес во едно општестевно и државно уредување.

На сите шест ромски пратеници во Словачкиот парламент да им посакаме  многу успех во нивните пратенички мандати

 

Интервју со Елвис Мемети , советник за инклузија на Ромите во Кабинетот на Претседателот на Владата на РС Македонија: „ Сакам и замислувам ромска почитувана и слободна заедница која што е сложна, среќна и единствена„

Рома Тајмс: Колку сте задоволни од досегашните Ваши активности и напори  како Советник за Инклузија на Ромите.

Елвис Мемети: Како Советник за инклузија на Роми имам одговорност од позиција на највисоката хиреархија во власта,  да застапувам, иницирам, да советувам, координирам, да комуницирам со институциите, граѓанскиот сектор, со народот за политики, стратегии, планови и мерки поврзани со подобрувањето на инклузијата на Ромите.

Жал ми е што Ние како заедница од осамостојувањето на државата до денес, со сите наши ромски политичари до сега, не успеавме да бидеме вистински носители на одлуки за конкретни ресори и области во политичкиот систем на државата.

Имаме потенцијал. Ова го кажувам затоа што нашата амбиција и нашите гласови како заедница не може да се задоволи со постојниот “политички колач” – Него ние треба да целиме кон носење на одлуки во конректни ресори и области.

Инклузијата не е нешто кое што е поврзано со тоа “кој колку дава и кој колку добива во даден временски интервал”. Него напротив тоа е процес кој што  никогаш не завршува и се унапредува и развива онакa како што се развиваат и стандардите во едно општество.

Моите претходниците кои биле на некој именувани функции како ромски политичари во претходните Влади, не оставија никаква институционална меморија позади себе за да може да се надоградиме на нивните резултати.  Оставија само багаж  и недоверба позади себе и тоа како во политичкиот сектор, граѓанскиот сектор така и во заедницата. Сето ова се случува  во услови на криза и сериозни предизвици во светот, во кој што е неопходна соработка, единство и сплотеност.

Можам да кажам дека сега всушност на виделина излегуваат сите 30 годишни слабости од системот кој што се градеше. Тоа паралелно носи и криза во моралот и вредностите.

Покрај сите овие предизвици, во 2021 год во само неколку месеци од мојот мандат успеавме низ партиципативен процес да подготвиме Стратегија за инклузија на Роми 2022-2030 г по сите европски стандарди и методологии. Со овој документ заедно со останатите земји во регионот и Европа сме подготвени да ја продолжиме понатамошната интеграција на Ромите како прашање кое што е битно и во самиот процес на проширување на ЕУ.

Имаме буџет за имплементација на конкретните проекти од областите на Стратегијата и истиот е поголем во споредба со сите години наназад.

Во областа на домување работев за да имаме досега најголем буџет и најмногу проекти и интервенции во ромските маала и тоа во комуналната инфраструктура, социјалното домување и легализацијата.

Во областа на вработување имаме квота од 5 % или околу 5-600 лица кои што се активираат на пазарот на труд, годишно. Формализацијата на бизнисот предводени од Роми се зголемува. Во приватниот сектор се поголем е бројот на Роми кои се вработуваат. Тоа ми е приоритет и понатаму за да ја продолжам комуникацијата со  менаџерите во поголемите индустриски зони .  Поголем е и бројот на Роми кои се вработуваат и учествуваат во младинската гаранција.  На мое големо задоволство започна и подршката за доофомрување на образование и поврзување на оваа мерка со вработувањето.

Во областа на образование – продолжувам со кампањата и пораките #сите деца на училиште.  Владата во Собранието поднесе нов предлог закон за образование на возрасните.

НО факт е, дека и поголем дел од ромската заедница сеуште живее под нивото на било какви стандарди. Затоа ни е потребна заедничка соработка на сите мислам на национално и локално ниво, меѓународната заедница и граѓанскиот сектор.

При еден таков голем јаз и разлика кој што постои во сите области помеѓу ромското население и мнозинското население во државата, Не може да бидам задоволен. Се додека не постигнеме резултати кој што ќе бидат достапни за сите и до секој член од заедницата – Не може да збориме за реална интеграција и промени. Иако притоа сум свесен дека и овие навидум мали чекори и промени може да доведат до значајни резултати. Ова темпо очекувам да биде особено забрзано со пристапниот процес во ЕУ и отворање на сите поглавја (особено поглавје 23 ) .

Р.Т: Вие претходно бевте активни и познати по вашите ангажман во НВО секторот. Каде е одговорноста поголема?

Е.М: Во граѓанскиот сектор работевме за да создадеме образована и капацитетна студентска заедница и елита како сите други - која што може да ги сноси предизвиците или да биде во предност во споредба со останатите. И во тој процес како Роми предничиме во регионот (затоа што имаме најкапацитетна образована ромска младина)

Со нашата Стратегија успеавме да ја осамостоиме организацијата која тогаш Ромаверзитас беше под програма на Институтот отворено општество – Скопје. Така нашата генерација го превзема водството и место ние да работиме за “нив” поставивме нови темели во кој што студентите работеа за себе. Тоа беше мојата улога во тој процес.

Во граѓанскиот сектор има многу повеќе динамика и бура на идеи кои го потикнуваат слободарскиот дух и натпревар . Тој сектор не е секогаш нужно обремен со антагонизам. Одговарате пред законот, работите со заедницата и известувате пред донаторот. Тоа е тоа слободно здружување на граѓани околу решавање на некој проблем. Така се здобивате со драгоцено искуство –и нудите или решавате некој дефиниран проблем.

Во политичкиот сектор одговорноста е далеку поголема. Јавниот интерес (определен како интерес на далеку поголема група и народ) влијае врз одлуките. Јавното мислење најчесто е покритички настроено. Мандатот го дава и го зема народот преку својот глас и на избори. Затоа се спроведуваат кампањи.  Во тој период и се преговара кој колку добива од “заедничкиот колач”.

Р.Т: Какво е вашето гледиште околу усвојувањето на НАП- овите, ако се знае дека Р.С.Македонија ја усвои Националната Стратегија уште пред 2 години... Дали и уште колку ќе се чека на нејзино усвојување

Е.М: Националните Акциски планови се во Владина процедура и истите ќе бидат усвоени во текот на октомври. Во летниот период сите ресорни министерства подготвуваат стратешки планови ( во овој случај врз основа на Стратегијата за инклузија на Ромите) со предлог буџет, кој што понатаму се преговара во Министерството за финансии. На крајот најчесто во декември буџетот се усвојува од собранието на Република Северна Македонија . НАП се добра основа за подетално планирање на ниво на мерки и активности околу спроведување на зацртаните цели од Стратегијата. Ако ресорните министерства го зголемат буџетот за имплементација на проекти поврзани со Стратегијата тоа значително влијае и кон крајните резултати. Што е добра основа за работа.

Р.Т: Каде се гледате вие во иднина, кои се Вашите идни амбиции ?

Е.М: Верувам во колективни потенцијали и во заеднички цели и успеси. Сакам и замислувам ромска почитувана и слободна заедница која што е сложна, среќна и единствена. Народ кој што си ја сака својата земја и кој што продолжува да живее во мир и слога.

Се гледам себе во една таква среќна и просперитнатна заедница, каде што ДОБРИОТ СЛЕДБЕНИК Е И ДОБАР ЛИДЕР.

Имам амбиција да ја следам оваа Визија и да ја реализирам со сиот наш потенцијал (како добар следбеник или како добар лидер)

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 245 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот