Од 10-ти ноември нови правила за влез во Eвропската Унија, од следната година ќе треба и онлајн апликација

Нови правила за влез во Европската Унија за граѓаните од земјите со безвизен режим, вклучително и од Македонија. Oд 10-ти ноември ќe има зголемени проверки при влез и излез и биометриско скенирање, а од средината на следната година целосно ќе започне примената на ЕТИАС, новиот безбедносен механизам на Шенген зоната,.

Системот ќе собира и проверува податоци за патниците кои патуваат со цел да се детектираат потенцијални безбедносни ризици.

Ова значи дека ќе треба да се аплицира онлајн, барем месец дена пред патувањето. Иако се предвидува за обработка на податоци да се чека од неколку минути до четири дена, постои можност системот да детектира дополнителни проверки и да бидат побарани повеќе информации од патниците, дури и да бидат поканети на разговор во Амбасада за земјата за која сакаат да патуваат.

При аплицирањето, патниците ќе плаќаат такса од 7 евра, а ќе биде бесплатно за луѓето под 18 години и над 70 години.

Откако ќе добиете одобрение, тоа ќе важи три години или до истекот на пасошот.

Со важечки ЕТИАС може да влезете на територијата на европските држави колку често сакате за краткотраен престој, до 90 дена на секои 180 дена. Сепак, ЕТИАС не гарантира влез. Граничниот службеник и натаму ќе бара пасош и други документи кои потврдуваат дека ги исполнувате условите за влез.

Формуларот ЕТИАС нема да мора да го пополнуваат лица што имаат валидна виза или дозвола за престој во земја на ЕУ. Образецот исто така не го пополнуваат лица што живеат покрај граница и поседуваат гранични пропусници.

Според правилата на самите гранични премини, потребна е биометриска проверка на патникот, односно отпечатоци од прсти или фотографија на самиот, но доколку поседувате биометриски пасош, тогаш влезот е поедноставен и побрз. Граѓаните кои имаат биометриски пасоши не треба да одат на пасошка контрола преку службеник доколку електронската проверка не покаже никаква пречка.

Безвизниот режим на патување во земјите членки на ЕУ за Македонија беше воведен во 2009 година, што беше и една од најголемите придобивки на евроинтегациите, и оддаваше впечаток кај граѓаните дека се доближуваат поблиску до европското семејство иако Македонија со години е пред портите на Брисел поради разни блокади.

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 87 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот