Отворено им поставувам прашање на институциите во државата, дали ние Ромите, како докажано лојални граѓани на оваа држава, сме рамноправни и еднакви со другите? И ние сме од крв и месо!
Дали ние треба да живееме како и и сите останати во државата, Или пак, треба да се прехрануваме себе си и нашите деца (иднината на Македонија) по канти и ѓубриња?
Сите пазари во градот Скопје се отворени и работат под нормални услови, а пазарот во шутка е затворен (самоволната методологија сеуште во магла) и тоа за само 30 минути од донесување на одлуката од страна на некој (не)стручњак.
Новонастанатата пандемска криза е новина на целиот свет, не само на Македонија, но немојте веднаш да експериментирате со недолжни граѓани – правдата ќе ве стигне.
Ги повикувам надлежните во државата како и претседателот Пендаровски конечно да биде татко на сите граѓани а не само на поединци, затоа што и утре има ден…
Со почит кон сите!
Преседател на Народната Партија на Ромите
Геге Демировски