Иако е голем интересот за кадровските адути со кои партиите ќе ја побараат довербата на граѓаните, партиите тие податоци ги најавуваат за следната недела.
Во штабовите на најголемите партии се прават последните консултации околу изборот на најсоодветни кандидати за пратеници на листите во шесте изборни единици, за изборите кои ќе се одржат на 12-ти април.
Она што е интересно за Ромската политичка сцена е листата на кандидати Роми кој ќе се најдат за време на изборите без разлика на кој политички табор ќе им припаѓа.
Според неофицијални информации од штабовите сите Роми кандидати не фигурираат на позиции со кој се гарантира влез во идниот законодавен дом.
Амди Бајрам од СРМ, Самка Ибраимосвски од ПЦЕР, Асан Ферат од СДСМ, Фата Османовска од СДСМ, Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ, Ерџан Селими од РОМ, Љатифа Шиковска СДСМ, Аксел Ахмедовски ПДПР, Орхан Јашаревски ДПР, Мерџан Демирали од СДСМ – Куманово, Геге Демировски од неговата нова партија НПР и можеби уште некои кандидати.
Сите овие кандидати кај својот коалиционен партнер ниту еден не фигурира на некоја висока позиција на тие листи, туку се повеќето во вториот дел на листата помеѓу 10-тот и 20-тот место на таа листа
Ова индиректно го отсликува фактот дека ќе биде огромана теренска работа доколку некој од ромските кандидати сака да се пробие до местото кое ќе гарантира и пратенички мандат.
За тоа ќе бидат потребни тешки Сизифовски напори да се анимира ромската јавност и да излезат масовно за да може тоа директно и да влиае на прогресијата на гласачите.