„Немавме право да пиеме кафе во кафуле зашто сме Роми и геј. Не ни дозволија да седнеме“.
Ова е само еден од многуте примери што ги посочуваат ромските припадници на ЛГБТИ-заедницата кога тема се нивните права, односот на околината кон нив, но и односот во институциите, па и на целото општество кон нивната сексуална определба.
- Ни рекоа дека за цигански педери таму немало место и дека треба да одиме во гасна комора - велат тие.
- ЛГБТИ-луѓето од ромската заедница се соочуваат со предрасуди во ромската заедница поради сексуалната ориентација и родовиот идентитет, а во ЛГБТИ-заедницата ќе се соочат со предрасуди поради припадноста на ромската етничка заедница.
Се плашат да си ги бараат правата Затоа, голем дел од ЛГБТИ Ромите во Македонија се иселуваат или, пак, прават планови за да се иселат од државата.