Во рамките на реализација на проектот“Мапирање на разликите во домувањето за Роми „ кој е финансиран од Европската унија а е под-грант на проектот „Поддршка за легализација на ромско домување „ како една дополнителна неофицијална информација произлезе и во неформалната комуникација како со граѓаните од Топаана така и со некои од државните институции, е дека сегашната позиција на населеното место - Топаана е една „рак рана„ во изготвување на Деталниот Урбанистички план - ДУП.
Познавајќи ја инфраструктурната состојба во Топаана, некои од надлежните институци во државата се подготвени и на една т.н. полесна наречена варијанта а тоа е дислокација на ова подрачје надвор од сегашните рамки.
Тоа подразбира дека има и варијанта за рушење на дел од тие куќи кои сега гравитираат на тоа подрачје, и изнаоѓање на друго „алтернативно решение за граѓаните од Топаана.
Поради комплексноста на овој проблем, тек ќе престои анализа на целата состојба, како и изготвување на план кој можеби ќе кореспондира со погоре наведеното, или пак варијаната на на донесен ДУП во рамките на постоечлата инфраструктура. Државата е на потег!