Започна почетокот на новата учебна година. Децата се возбудени, а некои се исплашени, токму како и родителите, чија улога е внимателно да ги подготват за новиот циклус од образованието.
Што е најдобро да му се каже на детето, а што не смеете да му кажете? Има многу дилеми, можности, а еден психолог кажува што е најефикасно, па ги советува мајките и татковците за оваа тема.
„Прво, да им се обраќа со ВИЕ на непознати лица. Второ, да седи правилно и мирно во столот. Трето, да слуша внимателно“, наведуваат психолозите.
„Четврто, да ве праша ако нешто не разбира и петто, да ја слуша учителката бидејќи таа е замена за родителите во училиштето.
Значи, треба да му се каже сето она што му е потребно и важно за да може слободно да ѝ се обрати на учителката или на учителот“.
Не е тешко да се применат советите, а кога внимателно ќе погледнете, ќе видите дека во нив е опфатено сѐ, од безбедноста на детето до учењето.
Со овие совети целата учебна година би требало да биде успешна. Овие препораки можат за кратко време да дадат одлични резултати, но психолозите истакнуваат дека постои нешто што родителите би можеле да го запомнат за во иднина, особено оние чии деца се првачиња.
Важно е само од училиштето да не се прави голема работа и децата да не се заплашуваат со оценките, ниту со казни поради негативниот успех на училиште.
Учењето е процес со подеми и падови. Подемите нема да се случат без успешно надминување на падовите.
Важно е и учењето да не биде само корисно, туку и забавно, а кон тоа многу придонесува отсуството на страв и казна.